СЕРИЈА БИ 2019/20

Пипо Инѕаги: Испишавме историја

Поранешниот голгетер тргна по стапките на својот брат: со Беневенто избори пласман во Серија А и тоа со 7 кола до крајот со што постави рекорд.

Очигледно браќата Инѕаги ги бива за тренери. Откако Симоне веќе неколку сезони успешно го води Лацио, пославниот Пипо сега го направи првиот поголем успех. Синоќа неговиот Беневенто победи со 1:0 над Јуве Стабија и по двегодишна пауза се врати во Серија А откако математички го завери пласманот.

„Овие момци испишаа историја. Ми дадоа многу бидејќи јас сум маченик, неверојатно е! Кога еден рекорд не се дава толку долго, мотивот е голем... Можеби со вакви игри заслуживме и подобро сценарио, но и вака е добро, вистината е дека не мислев дека ќе испишеме историја“, изјави синоќа возбудениот Инѕаги.

Беневенто во Серија А дебитираше во сезоната 2017/18, но експресно испадна. Откако лани заврши трет и загуби во баражот, летото клубот го ангажираше Филипо Инѕаги кој од крајот на јануари немаше клуб по отказот од Болоња.

Уште во првата сезона поранешниот голгетер се препороди како тренер, а популарните „Стрегони“ (Вештерки) ги врати во елитата. Со 7 кола до крајот тимот е убедливо прв со 76 бодови, 24 повеќе од второпласираните Кротоне и Читадела. Инѕаги оствари 23 победи, 7 нерешени и само еден пораз, кога во 9. коло доживеа дебакл од 4:0 на гостувањето кај Пескара.

Титулата во Серија Би е втора во тренерската кариера на Инѕаги откако во сезоната 2016/17 со Венеција триумфираше во третата лига, односно Серија Чи група Би.

Шеесет илјадниот град источно од Неапол синоќа славеше низ улиците. Прославата почна од соблекувалната каде Инѕаги и играчите пееја „Наредната година ќе играме на 'Олимпико'“ алудирајќи на фактот дека на тој стадион играат само екипи од Серија А, тоест Рома и Лацио.

Иако формиран 1929 година, Беневенто е клуб кој нјачесто играл во трета и четврта лига. Во Серија Би првпат игра во сезоната 2016/17 кога експресно доаѓа и до Серија А. Сегашнава му е само трета во втората лига.

Remote video URL
реклама

Не може да ги надмудрите луѓето родени во овие 3 хороскопски знаци

Read more

Се самоуби внукот на Елвис Присли, Бенџамин Кео

Read more

Казна затвор 19 години за Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино

Read more

Гејтс: Лекот и вакцините треба да бидат достапни за сите, не само за богатите

Read more

Фудбал

Кулибали: Милан едвај шутна на гол, а даде два гола

Read more

ФФМ одлучи клубовите да не плаќаат котизација

Read more

Манчестер Сити ќе игра во ЛШ, поништена одлуката за суспензија

Read more

10 најглупави трансфери на деценијата

Read more

Спорт

Леклер се извини за судирот со Фетел

Читај повеќе
  • play_arrow

Кулибали: Милан едвај шутна на гол, а даде два гола

Читај повеќе

ФФМ одлучи клубовите да не плаќаат котизација

Читај повеќе

Манчестер Сити ќе игра во ЛШ, поништена одлуката за суспензија

Читај повеќе
  • play_arrow

10 најглупави трансфери на деценијата

Читај повеќе

ОК Вардар: Финансискиот извештај на ОФМ е скандалозен

Читај повеќе
  • play_arrow

Артета разочаран: Им се извинувам на фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Голови на Пандев и Барди во вчерашните дуели од Серија А и Ла Лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн: НБА лигата ги презеде сите мерки на претпазливост и ќе може безбедно да ја завршиме сезоната

Читај повеќе