Пирати, блуд и неморал: Како „Божјата казна го стигна најгрешниот град во светот“?

Сместен на источната половина на островот Јамајка, во близина на Кингстон, се наоѓа градот Порт Ројал.

Да се најдете таму денес, можеби нема да забележите нешто посебно. Пустата тврдина што гледа кон океанот, со неколку кафулиња и видиковец, изгледа питома и тивка. Сепак, историјата на местото е многу поинаква - и е скриена под морето.

Некогаш, сè тука вриело од живот - алкохол, злато, коцкање, корупција, проституција, робови, пирати... Сето ова придонесе за прекарот што Порт Ројал го носеше со децении: најгрешниот град во светот.

Градот од „Pirates of the Caribbean“

Не поминало многу време откако Колумбо бил маѓепсан од Јамајка кон крајот на 15 век, до нејзиното потпаѓање под англиска власт во 17 век. Потоа започнало ненадејното лансирање нагоре.

Порт Ројал бил природно пристаниште кое можело да прими 500 бродови. Станал најголемиот град на Карибите полн со можности - за припадници на различни слоеви на животот. Богатите Англичани го имале своето богатство со продажба на робови во пристаништето, а имало и пирати кои постојано ги напаѓале и ограбувале шпанските бродови на соседните острови.

Својата неславна репутација ја стекнал не само поради пиратите, туку и поради огромните количини алкохол, акумулацијата на злато, кичестиот приказ на богатство и дамите со „лесен морал“.

Една четвртина од градот се состоел од кафулиња и бордели, а се раскажува дека пиратите трошеле повеќе на пијалоци и жени за еден ден отколку што еден селанец заработувал во текот на целата година. Сепак, тоа брзо ги довело до просјачки стап.

За хаосот што владеел таму, сведочи и фактот дека во 1675 година, пиратот Хенри Морган станал гувернер на пристаништето. Се чинело дека ништо не е невозможно и дека градот е на врвот на светот...

Земјотресот се сметал за „Божја казна“

Утрото на 7 јули 1692 година, силен земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодил Јамајка.

Имајќи предвид дека голем дел од пристанишето бил изграден на трусно подрачје, градбите речиси целосно се срамниле со земјата, а она што останало било однесено од цунамито што следело по земјотресот. Околу 2.000 луѓе загинале, а локалните гробишта се лизнале во морето.

Едмунд Хит бил еден од преживеаните кој во тоа време бил на брод и видел сè од далеку. Тој го напишал ова: „Земјата се отвори и ги проголта луѓето пред моите очи. Морето се издигна над ѕидовите и сфатив – невозможно е да се побегне“.

Оние што преживеале сметале дека тоа е Божја казна.

И покрај трагедијата, пиратите продолжиле да грабнуваат и киднапираат шпански бродови во следните 50 години. Сепак, природата продолжила по свое: избувнале пожари, земјотреси, урагани... Англичаните конечно се откажале од пристаништето, се спакувале и си заминале дома.

Што остана денес од сето тоа?

Поголемиот дел од градот од 17 век денес е на дното на морето. Бидејќи не пропаднал на големи длабочини, на почетокот на 20 век, посетителите сè уште раскажуваа за видливи покриви и делови од градот кои морничаво излегуваа од водата, а нуркачите ги обиколуваа неговите улици - под вода.

Remote video URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Чек дис аут

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Read more
 

Магазин

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе