Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло изјави дека напаѓачот Гонсало Игуаин ќе го напушти клубот, пренесува Football Italia.
– Разговарав со Гонсало. Да бидам искрен, овој фудбалер заслужува почит за годините што ги поминал во Торино. Заедно решивме дека понатаму ќе имаме различни патеки. Што има со Кедира? Додека тој е повреден, ние ќе продолжиме да го посматраме, рече Пирло.
Минатата сезона, 32-годишниот Игуаин одигра 32 натпревари во Серија А, во кои постигна 8 голови и 4 пати асистираше.