Пирло: Никаде не пишува дека не може да го сменам Роналдо

Јувентус го победи Интер со 2: 1 како гостин во првиот полуфинален натпревар од Купот на Италија, а освен двата гола на Кристијано Роналдо, португалскиот ас го привлече вниманието со реакцијата кога беше заменет во 75-тата минута.

Најдобриот фудбалер на „Старата дама“ можеби сакаше да оди на хет-трик и не беше задоволен од одлуката на Андреа Пирло да го замени, а тренерот на Јувентус по натпреварот објасни зошто се решил на тоа.

„Нормално е дека сакате да продолжите да играте на ваков натпревар, но исто така мора да размислуваме и за шампионатот. Имаме важен натпревар против Рома во сабота и беше правилно да го извадам од игра тогаш“, одговори Пирло на прашањето дали Роналдо мора да игра цело време.

„Никаде не пишува дека не може да се замени. Тој знае дека тоа е потребно, но понекогаш може и да се одмори. Што му реков за време на измената? Дека мораше да замине затоа што оваа сабота играме важен натпревар. Тој игра многу натпревари по ред и му треба да здивне“, објасни тренерот на италијанскиот шампион.

Феноменалниот Португалец оваа сезона одигра 23 натпревари за Јувентус во сите натпреварувања и постигна 22 погодоци.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Read more

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Read more
 

Спорт

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна светскиот рекорд во маратон

Читај повеќе