ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2021

Пирло: Жиру би ни вршел работа

Предводникот на Јувентус открива дека Оливје Жиру е можно зимско засилување за „Старата дама“.

Добрата форма на францускиот напаѓач во дресот на Челси направи за него да се заинтересира актуелниот шампион во Италија, Јувентус. Досега Жиру има постигна 8 голови сезонава во дресот на Челси во сите натпреварувања (3 во Премиер лигата, 5 во Лигата на шампиони и 1 во Лига купот).

Затоа, пак, формата на напаѓачите на Јувентус сезонава е променлива. Тимот знае да распали, како синоќа кога му даде 4 гола на Удинезе, но и за заглави како против Фиорентина, Беневенто, Верона и Кротоне.

„Трансфер периодот се отвора утре (веќе денес), веќе разговаравме во клубот што сакаме да правиме и за тоа дали имаме нешто на пик. Можеби напаѓач кој ќе се ротира со нашите напаѓачи“, одговори синоќа Андреа Пирло на новинарско прашање околу плановите на Јуве зимава.

Доби и директно прашање за тоа дали Оливје Жиру, чиј договор со Челси истекува во јуни, може да биде засилувањето на Јувентус.

„Би ни вршел работа“, кратко и јасно одговори Пирло.

Жиру често изминативе сезони беше поврзуван со заминување од Челси, но остана, а сега на 34 години игра одлична сезона. Неодамна изјави дека сака да остане на „Стемфорд Бриџ“ до крајот на сезоната.

Јувентус се поврзува и со Грациано Пеле како можно засилување во овој зимски преоден рок.

По 15 кола во Италија бранителот на Скудетото е на 5. место со 27 бодови или 10 помалку од лидерот Милан.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе