Пирс Броснан: Следниот агент 007 треба да биде жена

Поранешниот Џејмс Бонд Пирс Броснан смета дека е време жена да ја преземе улогата на фамозниот агент 007.

Актерот кој го играше Џејмс Бонд во четири филмови од франшизата од 1995 до 2002 година – „GoldenEye“, „Tomorrow Never Dies“, „The World Is Not Enough“ и „Die Another Day“ – во изјава за Hollywood Reporter рече дека според него би било „возбудливо“ и „интересно“ да видиме жена во улогата на агентот Бонд.

„Мислам дека ги изнагледавме мажите како го прават тоа во изминатите 40 години. Мажи, тргнете се од патот и ставете жена во улогата!“, вели 66-годишниот актер.

Даниел Крег ќе ја репризира улогата на фиктивниот британски шпион по петти (а најверојатно и последен) пат, во „No Time To Die“ што треба да има премиера догодина.

Броснан се надева дека ќе го сменат полот на овој легендарен лик, но смета дека проуцентката на успешната филмска франшиза Барбара Броколи не би се сложила со идејата.

„Мислам дека тоа нема да се случи додека семејството Броколи стојат зад франшизата“, вели Броснан.

Актерката Рејчел Вајс, која е во брак со Крег, лани за The Telegraph на темата изјави дека „жените заслужуваат нивни посебни приказни“.

реклама

Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово, Чулев апелира: Одлуката не е идеална, но треба да се почитува

Read more

125 нови заразени со коронавирус, 46 се од Скопје

Read more

МЗ: Филипче не прикривал 20 случаи на заболени од COVID-19

Read more

СЗО препорача да се носи маска, но потребно е да биде трислојна за да ве штити од COVID-19

Read more

Филм & ТВ

Србите од 1 јули ќе може да одат во кино

Read more

[КАЈГАНА препорака] Зошто треба да ја гледате серијата „Blindspot“?

Read more

Кијану Ривс е „виновен“ за името на John Wick

Read more

Објавен трејлерот за трилер драмата „Run With The Hunted“

Read more

Сцена

Србите од 1 јули ќе може да одат во кино

Читај повеќе
  • play_arrow

[КАЈГАНА препорака] Зошто треба да ја гледате серијата „Blindspot“?

Читај повеќе

Кијану Ривс е „виновен“ за името на John Wick

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен трејлерот за трилер драмата „Run With The Hunted“

Читај повеќе
  • play_arrow

Емилија Кларк се враќа со хорор антологијата „Murder Manual“

Читај повеќе
  • play_arrow

„Total Recall“ слави 30 години, сите го паметат по една сцена

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто обожаваме да гледаме серии и филмови за криминалци?

Читај повеќе
  • play_arrow

Астронаутите на SpaceX слушале „AC/DC“ и „Black Sabbath“ при лансирањето

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за италијанската хорор серија „Curon“

Читај повеќе