Писателите реагираат: Членството на ДПМ нема да дозволи да биде изманипулирано

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 16.10.2023 / 13:55

Случувањата во Друштвото на писателите на Македонија се актуелна вест деновиве – бранот што се крена со оставките на осум од деветте члена на Претседателството на ДПМ: Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Владимир Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина Мијаковска, Александра Јуруковска и Бранко Цветкоски (кој ја земени Величковска), го преплави раководството кое реагираше со низа некохерентни и конфузни изјави и соопштенија.

Претседателот Христо Петрески ја повлече претходно дадената неотповиклива оставка и, како што претходно пишувавме, одговор за инсинуациите за притисоци и закани до него за неговите одлуки, не добивме. Нашата редакција не доби одговор ни од ДПМ во врска со случувањата.

Дел од членството, видно незадоволно од развојот на настаните, реагираше индивидуално, но и обединето во ставот дека промени во ДПМ мора да има.

Вчера тие излегоа со заедничка реакција и повик до раководството, во која велат дека по неотповикливата оставка на Христо Петрески од функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ); по свикувањето Вонредно изборно собрание од Претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска; и по повлекувањето на Христо Петрески на неговата неотповиклива оставка (постапка без преседан), тие, како членови на ДПМ, со цел да се заштити достоинството на македонскиот писател, по вчерашното обраќање на Христо Петрески до медиумите, во кое, потпишан како претседател на ДПМ, зборува дека е „под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик“, укажуваат дека „ДПМ има важно историско значење за македонската култура и држава, а со тоа и за националниот идентитет, и мора да има општествена одговорност и цврста позиција во денешницата“.

Понатаму велат дека: „Сите реакции, критики и барања од страна на членовите на ДПМ во изминатиот период се поттикнати од лошото раководење и функционирање на Друштвото“ и дека „лошото раководење и функционирање на ДПМ се во спротивност на националните и на сите други интереси на нашата писателска и културна заедница“.

Долупотпишаните членови нагласуваат дека „доброволната оставка на 8 од 9 членови на Претседателството на ДПМ не смее да остане незабележана, и недозволиво е да се направи самоиницијативен обид, неоправдан од Статутот, за нивна замена со други членови“.

„Начинот на кој Христо Петрески се обидува да создаде матна слика во јавноста преку веќе наведевениве постапки е штетен за угледот на ДПМ во Македонија и во странство, но штетен е и за националните (и за сите други) интереси. Христо Петрески, пред целото членство на ДПМ (преку кој било медиум), мора да го образложи неаргументираното тврдење испратено до медиумите за наводните притисоци и закани, како и за прашањата што наводно ги задираат идентитетот и македонскиот јазик“, велат писателите и додаваат дека „членството на ДПМ нема да дозволи да биде изманипулирано и бара медиумите и пошироката јавност да бидат запознаени со тековните случувања во раководството на Друштвото, зашто по сите превирања и обвиненија, сметаме дека невалидна е изјавата на Христо Петрески дека ‘работата на Друштвото се одвива во неговите простории и во културните институции’“.

Тие смеетаат дека по последните настани, невозможно е Друштвото да продолжи со нормална работа, па затоа ја повикуваат претседателката на Собранието, Кристина Николовска, во согласност со Статутот на ДПМ, за Вонредното изборно собрание, веќе закажано за 25.11.2023 (сабота) да подготви и да испрати до членството Дневен ред на Собранието, како и Деловник за Вонредното изборно собрание, со повик за доставување кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, за заинтересираните да можат да ги исполнат своите обврски во согласност со роковите предодредени со Статутот.

Реакцијата беше потпишана од членовите: Влада Урошевиќ, Димитрие Дурацовски, Славе Ѓорѓо Димоски, Оливера Ќорвезироска, Весна Мојсова-Чепишевска, Виолета Танчева-Златева, Зоран Јакимовски, Лидија Димковска, Билјана Црвенковска, Игор Станојоски, Румена Бужаровска, Ирена Јурчева, Славица Гаџова-Свидерска, Драгана Евтимова, Фросина Пармаковска, Живко Грозданоски, Петар Андоновски, Давор Стојановски, Иван Антоновски, Михајло Свидерски и Никола Илијовски.

Дополнување: Реакцијата и јавниот повик ги потпишаа и: Оливера Николова, Цане Андреевски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Митко Маџунков, Зоран Анчевски, Братислав Ташковски, Гоце Ристовски, Владимир Јанковски, Сузана В. Спасовска, Елизабета Јончиќ, Александра Јуруковска, Смиле Наумовски Брсјак, Мерсиха Имајлоска и Ана Бунтеска.

реклама

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Младата Месечина во Бик ќе донесе остварување на соништата за 3 хороскопски знаци

Read more

Германски суд пресуди: Milka ги довела потрошувачите во заблуда

Read more

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Read more

Култура

Распишан меѓународниот конкурс за необјавена песна на 9. издание на „Антево слово“ 2026

Read more

Хуманитарна изведба на Торонто експрес во МНТ: Театарот игра за СОС Детско село

Read more

Настан со народни ора и песни, носии и ракотворби во Паркот на Франкофонијата

Read more

Охрид СОС: Локалитетот Мауцкер е комплетно уништен и претворен во ѓубриште

Read more
 

Вести

Иран: Се договоривме со Кина за теснецот

Читај повеќе

Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка

Читај повеќе

Следува период на нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Читај повеќе

Русија воспоставува целосно партнерство со талибанците

Читај повеќе

Серискиот убиец од Старо Нагоричане осомничен за уште две убиства на жени

Читај повеќе
  • play_arrow

Од 13 анализирани пациенти, кај 9 се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

Читај повеќе

Дали европскиот начин на распределба на парите е застарен?

Читај повеќе
  • play_arrow

Уапсени двете лица што украдоа велосипед пред теретана во Скопје, следува кривична пријава

Читај повеќе

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Oпштина Аеродром

Читај повеќе