Писателката на „Како да го убиете сопругот“ уапсена за убиство на нејзиниот сопруг

Ваков ироничен пресврт на настаните нема ни во приказните на Агата Кристи. Полицијата се сомнева дека писателката Ненси Кремптон-Брофи, авторка на расказот „Како да го убиете сопругот“ црпела инспирација од вистинскиот живот за нејзиното книжевно дело.

Готвачот Даниел Брофи беше најден мртов речиси седум години откако сопругата со која беа во брак 27 години го напиша фамозниот расказ „Како да го убиете сопругот“.

Ненси, која исто така ги има напишано сензуалните мистериозни новели „Пекол на Земјата“ и „Погрешниот сопруг“, беше уапсена на 5 септември, повеќе од три месеци откако нејзиниот сопруг беше смртно застрелан.

„Ден беше еден од ретките луѓе кои ги познавам кои знаеја точно што сакаат во животот и уживаше во сѐ што правеше“, рече таа на бдеењето два дена по неговата смрт.

Полицијата во Орегон не даде многу детали за апсењето, ниту објасни зошто постои основано сомнение и дали имаат мотив и докази за апсење на 68-годишната Кремптон-Бромфи.

„Детективите ја сметаат Ненси Л. Кремптон-Бромфи за осомничена за убиството на Даниел К. Бромфи“, кратко соопшти полицијата.

Даниел Бромфи (63) беше најден мртов во Кулинарскиот институт на Орегон во Портланд, каде работеше како готвач повеќе од 10 години.

Роднините на двојката се шокирани од развојот на настаните, а сестрата на писателката е убедена дека Ненси е невина.

„На никого не му се верува’, изјави Холи Кремптон. „Ова е лудило и едноставно не е вистина.“

Сосетка на двојката во Бивертон, Орегон изјави дека писателката рекла дека можеби ќе се пресели за да побегне од нејзиниот претходен живот.

„Рече дека неговата страна од креветот ја прогонува“, изјави Хајди Хачинсон.

Ненси Кремптон-Бромфи е во притвор по обвиненија за незаконско поседување и ракување со оружје и за убиство.

реклама

Свет

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе