Хроника

Пиштоли пронајдени во ѕид на куќа во Велес

24. ноември 2017 - 13:31 | К.З.

Осумнаесет пиштоли биле пронајдени во ѕид на куќа во Велес.

Според информациите на МВР, вчера околу 13.30 часот при вршење на градежни работи на куќа која се наоѓа на улица „Максим Горки“ во Велес, од страна на сопственикот на куќата И.Ѓ. (68) во еден од ѕидовите пронајдени се 18 пиштоли марка „Nagant“ калибар 7,62 мм.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Сектор за внатрешни работи Велес.

Коментирај