Режисерот Квентин Тарантино се смета за еден од најдобрите во неговата бранша, а тоа го докажуваат и неговите бројни успешни филмови што за кратко време се категоризираат како култни.
Откако го освои светот со филмови како „Pulp Fiction“ и „Jackie Brown“, Тарантино се враќа на сцената на голема врата со филмот „Once upon a time... in Hollywood“.
Главните улоги во филмот ги играат Бред Пит, Леонардо Дикаприо и Марго Роби, а се појавува и легендарниот Ал Пачино.
Судејќи по првите фотографии од снимањето, филмот ќе биде вистинско ретро уживање од повеќе аспекти, а особено од моден.
Пит и Дикаприо се вистински ретро модни икони во филмот чие снимање наскоро ќе заврши, а ќе има премиера на 26 јули.