Питер Паркер го наследува Тони Старк во новиот трејлер за „Spider-Man: Far From Home“
Marvel мислеа дека можат да го скријат од нас новиот трејлер за „Spider-Man: Far From Home“, но интернетот не дозволува ништо да остане скриено. Оригинално, тој беше наменет за азиската публика, но благодарение на YouTube, можеме да го гледаме и ние во Европа.
ВНИМАНИЕ: СПОЈЛЕРИ ЗА „AVENGERS: ENDGAME“ - Во трејлерот, Питер Паркер продолжува да го чекори својот пат како суперхерој, овојпат трајно променет поради отсуството на неговиот ментор – Тони Старк. И наместо да се „свитка“ пред предизвикот, тој целосно ја прифаќа одговорноста.