Дополнителна гаранција за висок квалитет на пивото

Пивара Скопје со инвестиција од 1,4 милиони евра во нова современа опрема

Пивара Скопје ја претстави новата опрема за полнење во чија набавка и инсталирање се вложени над 1,4 милиони евра, со што вкупните инвестиции на компанијата во производството на пиво и безалкохолни пијалаци во изминатата деценија надминаа 40 милиони евра.

Со капацитет за полнење кој достигнува и до еден милион шишиња за едно деноноќие, новата софистицирана опрема го зголеми за 30% вкупниот капацитет на постојната линија за полнење на пиво во Пивара Скопје. Дополнително, поради својата флексибилност, новата опрема овозможува зголемување на можностите и иновациите во проширување на асортиманот на пакување на пивото во стаклена амбалажа со нови форми и димензии.

„Сведоци сме на еден исклучително значаен момент за сите нас во Пивара Скопје, за нашите партнери, за потрошувачите и секако за целата домашна индустрија за производство на пијалаци. Оваа нова, технолошки напреднаопрема за полнење е многу повеќе од обична машина. Тоа е инвестиција која отвора ново поглавје во развојот на Пивара Скопје, но и нов поттик за развојот на целокупната пивска индустрија“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ, нагласувајќи дека„со најновото вложување, вкупните инвестиции на Пивара Скопје во иновации, модернизација на производството и останатите сегменти,во последните 10 години надминаа 40 милиони евра, со што долгорочно се гарантира одржливиот развој на компанијата, се зајакнува нејзината конкурентност, како и силното позитивно влијание врз зедницата и домашната економија“.

Новата современа опрема за полнење на пиво во стаклени шишиња е произведена специјално за потребите на Пивара Скопје, од страна на реномираниот светски производител на ваков вид опрема– компанијата Кронес. Официјалниот почеток со работа на новата опремаследува по скоро тримесечни темелни подготовки, калибрирања и тестирања на нејзините перформанси, со што се обезбедени сите гаранции дека новата опрема, со своите напредни технички и технолошки можности, ќе го зголеми нивото на сигурност и брзина во производството и ќе обезбеди да се задржи високиот квалитет на пивото. 

„Пивара Скопје отсекогаш применувала најсовремена технологија за производство на пиво, која во комбинација со знаењето, вештините и искуството на вработените,стекнати во изминатите 93 години, ни овозможува да создаваме пиво според највисоките стандарди и критериуми за квалитет. Оваа нова современа опрема, со своите врвни перформанси и напредни техолошки решенија е одлично продолжение на успешната приказназа создавањето на пивото со кое сите ние се гоордеме и во кое уживаме“, вели менаџерот за производство на пиво во Пивара Скопје, Кирчо Стојанов.

Значајна карактеристика на новата опрема за полнење на пиво е нејзината висока ефикасност. Таа е целосно компатибилна со системите за заштеда на вода и енергија во Пивара Скопје, со што компанијата уште еднаш ја потврдува својата долгорочна определба за заштита на животната средина.  

*Спонзориран текст

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе