Фудбал

Пјаниќ: Секој играч на Јувентус мора да тежнее да биде најдобар

7. април 2019 - 11:23 | А.С.

Миралем Пјаниќ, кој ја почна дерби средбата против Милан на клупата за резервни играчи, влезе во игра во последните 30 минути и веднаш ја подобри играта на Јувентус – асистираше за голот со кој „Старата дама“ стигна до пресврт од 1:2.

„Знаевме дека Милан е добра екипа. Никогаш не е лесно да се игра против нив. Целта ни беше да победиме и тоа го остваривме. Добро е што славевме пред дуелот со Ајакс во ЛШ. Секако, сакаме да поминеме понатаму“, рече Пјаниќ и го пофали младиот Моисе Кеан кој погоди за победа на негова асистенција.

„Кеан е добро момче, многу скромен. Напорно работи секој ден и напредува со големи чекори. Многу е млад и постигнува голови на секој меч во првенството. Мора да си постави високи цели пред себе, бидејќи секој играч на Јувентус мора да тежнее да биде најдобар“, рече Пјаниќ.

Коментирај