формула 1 2025

Пјастри победи во Кина пред Норис и Расел

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 23.03.2025 / 11:12

Оскар Пјастри ја освои Големата награда на Кина. Австралиецот, кој прв пат во кариерата стартуваше од пол-позицијата, на патеката во Шангај ја забележа третата победа во кариерата.

Пјастри победи пред тимскиот колега Ландо Норис, кој задоцни речиси 10 секунди, и Џорџ Расел од Мерцедес.

Актуелниот светски првак, Макс Верстапен, го освои четвртото место пред возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон. Бодови во Шангај освоија и Естебан Окон (Хас), Андреа Кими Антонели (Мерцедес), Алекс Албон (Вилијамс) и Оли Берман (Хас).

Траката во Шангај не понуди никави возбудувања, во најголемиот дел беше исклучително здодевна. На стартот Норис успеа да се пробие на второто место пред Расел, кој се обиде да го нападне Пјастри. На почетокот имаше и контакт меѓу возачите на Ферари, кога двајцата го минаа Верстапен. Леклер го оштети предното крило, но успеа да ја заврши трката.

Во средишницата на трката блескаше возачот на Хас, Берман со неколку добри претекнувања.

Фнишот го обележаа проблемите на Норис со сопирачките, кој на крајот успеа да дојде до целта како втор, а Верстапен на три круга до крајот потсети дека е светски првак, кога лесно го мина Леклер во борбата за четвртото место.

Во генералниот пласман води Норис со 44 поени, Верстепен е втор со 36, Расел трет со 35, Пјастри е на четвртото место со 34.

Сезоната во Формула 1 продолжува со трката за Големата награда на Јапонија која на програмата е на 6 април.

реклама

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Колку треба да пешачите дневно за да ја одржувате тежината?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Ф1

Леклер казнет во Мајами, падна на 8. место

Read more

Формула 1 среде сезоната ги смени правилата

Read more

Расел: Ќе возам за Мерцедес и во 2027 година

Read more

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Read more
 

Спорт

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Читај повеќе

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Читај повеќе

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вест Хем поднесе жалба, клубот бара да биде објавена аудио снимката од комуникацијата на судиите

Читај повеќе

Жуау Канселу испиша историја: Единствен со титули во 4 од најдобрите 5 лиги во светот

Читај повеќе

АЕК ја освои титулата во Грција, а најмногу се израдува Шахтар

Читај повеќе

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Винисиус сакаше да се тепа со Олмо, едвај го додржаа

Читај повеќе