Пјастри пред Норис ја освои пол-позицијата за спринтот во Бразил

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 02.11.2024 / 09:20

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата за трката во спринт како дел од Големата награда на Бразил, во шампионатот на Формула 1.

Младиот Австралиец до пол-позицијата на „Интерлагос“ стигна со круг од 1:08,899 минути, 29 илјадитинки пред тимскиот колега Ландо Норис.

Третото место на стартот ќе го заземе возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој заостана повеќе од 2 десетинки зад Норис.

Актуелниот шампион Макс Верстапен, кој моментално има 47 поени предност пред Норис во генералниот поредок, ја освои четвртата позиција, но поради казната бидејќи менуваше делови во моторот ќе стартува деветти.

Победникот на минатонеделната трка во Мексико Сити, Карлос Саинс во Ферари имаше петто време, пред возачот на Мерцедес Џорџ Расел и Пјер Гасли од Алпин. Топ десет го комплетираа возачот на РБ тимот Лиам Лосон, Алекс Албон во болидот на Вилијамс и дебитантот Оли Берман, кој го заменува болниот Кевин Магнусен во Хас, барем за спринтот.

Најголемите изненадувања во квалификациите за спринт во Саун Паулу беа забележани во вториот дел, кога беа елиминирани седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон и вториот возач на Ред Бул, Серхио Перес. Британецот ќе стартува од 12. место, пред Нико Хилкенберг во болидот на Хас, Перес, возачот на Вилијамс, Франко Колапинто, и Валтери Ботас од Заубер.

реклама

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Read more

Ф1

Ф1 во Белгија до 2031 година, без трки во 2028 и 2030 година

Read more

Интересна соработка: Мерцедес му ги отвора вратите на Ф1 светот на Adidas

Read more

11 години од кобното скијање: Состојба на Шумахер сѐ уште е мистерија за јавноста

Read more

Ред Бул ќе го замени Серхио Перес

Read more
 

Спорт

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Читај повеќе

Работнички: До кога Перо Антиќ ќе ја силува македонската кошарка?

Читај повеќе

Почнуваат зимските пријателски: Календар на натпревари на македонските клубови

Читај повеќе

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Читај повеќе

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Оклахома го патосираше Кливленд, разликата беше и 42 поена

Читај повеќе

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Читај повеќе

Фоден: Не сме глупави, знаеме дека немаме шанси да ја одбраниме титулата

Читај повеќе

НХЛ подготвува два големи спектакли на отворено во Флорида

Читај повеќе