Фудбал

Пјонтек ќе ја крши клетвата на „проколнатата“ деветка во Милан

10. јули 2019 - 20:46 | К.З.

Откако беше претставен како нов играч на Милан во јануари, Кжиштоф Пјонтек продолжи токму онаму каде што застана во Џенова – постигнувајќи голови против секаков противник што му се најде на патот. Поради тоа, логично беше да го побара култниот број 9 во Милан, кој пред него го носеа легенди како Марко Ван Бастен и Филипи Инзаги.

Тоа што го побара – тоа и го доби. Пјонтек е новата деветка на Милан. Но, овој број со себе носи едно проклетство со кое многумина по Инзаги не успеаја да се сносат.

По 21 натпревар во кои постигна 11 гола, 24-годишниот Полјак се докажа пред раководството на Милан и во наредната сезона ќе биде прв избор во нападот, носејќи го бројот девет. Многу славни имиња пред него го носеа истиот број: Нилс Лидхолм, Гунар Нордал, Марко Ван Бастен и Филипо Инзаги, но во последните неколку години сите кои го облекоа овој број на нивниот грб играа далеку под своето препознатливо ниво. Еве го нивниот учинок низ годините:

  • Александре Пато: 7 натпревари, 2 гола
  • Алесандро Матри: 18 натпревари, 1 гол
  • Фернандо Торес: 10 натпревари, 1 гол
  • Матија Дестро: 15 натпревари, 3 гола
  • Луиз Адријано: 36 натпревари, 6 гола
  • Џанлука Лападула: 29 натпревари, 8 гола
  • Андре Силва: 40 натпревари, 10 гола
  • Гонзало Игуаин: 22 натпревари, 8 гола

Во наредната сезона Милан нема да игра во европските натпреварувања иако се квалификуваше за Лига Европа преку финишот на лигашката табела во Серија А. Тоа е заради договорот кој раководството на клубот го имаше со УЕФА, преку кој европската куќа на фудбалот нема да го казни Милан поради прекршоците од Финансискиот Фер Плеј, но затоа клубот нема да се натпреварува во Европа.

Пјонтек ќе има доволно голем простор за да покаже дека е достоен за почитуваната деветка во Милан, но од него зависи дали ќе ја има мотивацијата да ја скрши клетвата која трае цели седум години, откако Инзаги се пензионираше носејќи го тој дрес.

Коментирај