Плата од 2,6 милијарди долари - Елон Маск доби поддршка од акционерите на Tesla

Акционерите на Tesla го одобрија договорот за огромна исплата на главниот извршен директор Елон Маск што се проценува на 2,6 милијарди долари.

Ова се смета за највисоката договорена сума за исплата врз база на акции во корпоративната историја на САД.

Маск ќе ја добие платата само ако Tesla ги исполни зацртаните цели, како продажбата и вредноста на акциите.

Гласањето на одборот на акционери се сметаше за голем тест на доверба и поддршка за Маск и неговата кадарност да ја води компанијата за производство на автомобили што моментално работи со загуба и се мачи да ги постигне производствените цели.

Некои големи акционери рекоа дека ќе го поддржат предлогот, но истакнати консалтинг групи велат дека сумата е премногу висока.

Маск, кој поседува една петтина од компанијата за електрични возила, не учествуваше во гласањето.

Вредноста на акциите на Tesla порасна за 3% откако беше објавено гласањето. Околу 73% од гласовите беа во полза на планот во кој не се сметаат акциите на Маск и брат му.

Во десетгодишниот план се предвидува дистрибуција на акциите во транши. За да ја добие Маск платата од 2,6 милијарди долари, вредноста на акциите на Tesla мора да се качи на 650 милијарди долари. Компанијата моментално има пазарна вредност од околу 55 милијарди долари.

Покрај импресивниот раст на вредноста на акциите, Tesla уште нема остварено профит и има проблеми со испораката на предвидената количина автомобили.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Бизнис

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Read more

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе