Платеничката група Вагнер отвори „центар за пријателство и соработка“ во Србија

Групата Вагнер, руска приватна платеничка воена група со блиски врски со Кремљ, на Telegram објави дека во Србија e формиран нивeн „резидентен културен и информативен центар за пријателство и соработка Орли“, пренесува Danas.rs.

Канцеларите на Вагнер центарот во Санкт Петербург, Русија

„Брзаме да ве запознаеме со новиот жител на ПМЦ Вагнер центарот - АНО Руско-српскиот културно-информативен центар за пријателство и соработка Орли. Идеолог и водач на Центарот е Александар Лисов“, наведуваат на платформата Telegram.

Во соопштението потсетуваат дека во 2017 година „како резултат на неговите добротворни активности, приштинските власти го вклучиле Лисов во списокот на лица на кои им е забранет влез на територијата на непризнатата Република Косово“.

Тие наведуваат и дека мисијата на центарот е „спроведување на јавна дипломатија“, чија цел е зајакнување и развој на пријателските односи меѓу Русија и Србија со помош на „мека моќ“.

„Орлите, како штитеници на ПМЦ Вагнер центарот, се занимаваат со информативна конфронтација со руски либерали кои заминале во Србија и се обидуваат таму да извршат антируски активности со цел да ја дискредитираат Русија и да ги влошат односите меѓу рускиот и српскиот народ“, стои во објавата.

Страднер: Кој дел од оваа порака Западот не го разбира?

Реагирајќи на Twitter, Ивана Страднер, научен соработник на Американскиот фонд за одбрана на демократијата и експерт за хибридна војна, руска пропаганда и дезинформации, потсети дека пред неколку месеци најавила ваков тип на соработка меѓу Русија и Србија.

„Пред неколку месеци најавив соработка меѓу Русија и Србија на полето на информациската безбедност, а луѓето ми велеа дека сум параноична! Еве се случува соработката меѓу Вагнер центарот и Србија. Кој дел од оваа порака Западот не го разбира“, напиша Страднер на Twitter.

URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе