Платини: Златната топка треба да ја освои Варан

Поранешниот фудбалер и претседател на УЕФА, Мишел Платини, има поинаков и чуден избор за освојувач на овогодинешната Златна топка. Тој даде поддршка за неговиот сонародник Рафаел Варан, кој годинава ги освои двата најголеми трофеи во клупскиот и репрезентативниот фудбал.

По една цела деценија изгледа дека Златната топка ќе му припадне на некој друг играч, кој не се вика Лионел Меси или Кристијано Роналдо.

Мишел Платини е голем фан на Рафаел Варан и смета дека тој е единствениот логичен освојувач на Златната топка оваа година. Според неговата логика, не е далеку од вистината – Варан е единствениот играч кој беше дел од шампионскиот тим на Реал Мадрид кој ја освои Лигата на шампините и репрезентацијата на Франција која го освои Светското првенство во Русија.

„Секогаш ќе пости дебатата Роналдо-Меси, но оваа година само еден играч ги освои двата најважни трофеи – Рафаел Варан. Покрај титулите, тој е одличен играч и ако имав шанса ќе гласав за него. Резултатите се единствената објективна работа, сите останати работи се субјективни“, вели Платини.

Помеѓу кандидатите за наградата има неколку француски фудбалери, но обложувалниците и понатаму го сметаат Лука Модриќ за фаворит за освојување на Златната топка. Тој беше дел од составот на Реал Мадрид кој го освои финалето во ЛШ и ја однесе Хрватска до првото финале на големите натпреварувања, иако таму изгуби од Франција.

„Може да имаме различни мислења за Гризман, Мбапе, Жиру, Модриќ...но единствениот кој успеа да освои сѐ оваа година е Варан. Да не заборавиме дека во 2006 година Златната топка ја освои Фабио Канаваро, кој исто така беше одбранбен играч“, додава Платини.

Оваа година се одбележуваат 10 години откако Кристијано Роналдо за првпат ја освои Златната топка, а оттогаш секоја година наградата ја земаа тој или Лионел Меси.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Фудбал

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more
 

Спорт

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе