Постигнат договор

Платите на судиите ќе се зголемат 15 проценти до 2022 година

Владата и Здружението на судии постигнаа согласност за зголемување на платите на судиите од 15 проценти. Десет проценти оваа година, а пет години следната, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

Ова зголемување, нагласи Маричиќ, очекуваме да важи и за судските службеници, а ќе се разговара и за јавните обвинители. Тој најави дека ќе се разговара и за зголемување на платите за уште дополнителни пет проценти за 2023 година и со цел да се стигне до посакуваните 20 проценти.

–  Нашата Влада зазема став дека судската власт е особено важна и дека статусот треба постојано да се зајакнува – тоа важи и за условите за работа и за поддршката во смисла на зголемена судска администрација, повеќе работни места и плати на судиите. Зголемувањето на платите во судството оди паралелно со зголемување на одговорноста и ефикасноста на судиите и правосудниот систем, но и со процесот на дигитализацијата и прочистувањето, изјави Маричиќ.

Маричиќ посочи дека очекува ова да се сфати како позитивен сигнал за целото правосудство, дека државата се грижи, но и дека очекува поголема транспарентност, одговорност и ефикасност. Средствата за договореното зголемување на платите, нагласи тој, се веќе обезбедени во рамки на судскиот буџет и дека очекува итно да се пристапи кон реализирање.

– Планираме да предложиме и законски измени или нов Закон за плати на судиите, со кој што трајно ќе ги дефинираме коефициентите на судската власт како еден долгогодишен проблем за кој се преговараше, изјави Маричиќ.

Претседателот на Здружението на судии Џемали Саити, посочи дека ова е плод на повеќегодишни разговори со Владата.

Тој посочи дека разговорите не се лесни, посочувајќи дела барале зголемување ма платите од 20 проценти.

– Сметаме дека тоа што во овој момент имаме согласност за 15 проценти е напредок. Се надевам дека ќе се движиме кон европските стандарди, изјави Саити. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе