Платите во Германија: За странците 900 евра помалку отколку за Германците

Б.С.Б.
/ 21.09.2020 / 15:18

Странците во Германија во просек месечно заработуваат 900 евра помалку од домашните граѓани. Луѓето дојдени од Западен Балкан подобро стојат со платите за разлика од оние дојдени од Сирија или Авганистан.

Вработените странци во Германија заработуваат многу помалку пари од домашните граѓани, покажа статистиката од Сојузната агенција за работа. Додека германските државјани во минатата година имале месечен среден приход од 3.509 евра бруто плата – значи пред плаќање даноци и придонеси, кај странците таа вредност била 2.614 евра. Тоа е дури 895 евра помалку.

Разликата меѓу Германците и странците е особено драстична кога станува збор за луѓе дојдени од Сирија, Авганистан или Еритреја, тие заработуваат 1.475 евра помалку од Германците.

Оваа статистика ја објави Сојузната влада како одговор на пратеничко прашање од редовите на Алтернатива за Германија. Особено се очигледни разликите од претходните години, така во 2010 година разликата била 317 евра.

Во така наречениот сектор на ниски плати работат само 16 проценти од сите германски работници, додека 37 проценти се странски работници.

Германската Влада ја толкува разликата во платите со тоа што на работниците од странство често им недостасува искуство и стручност. Според Владата, вработувањето повеќе странци може да има „ефект на притисок на средната заработка“.

„Луѓето кои штотуку се доселиле во Германија се на почетокот на кариерата“, вели Херберт Брајкер од Институтот за истражување на пазарот на работи при Агенцијата за вработување. „Нивните плати во текот на кариерата значително ќе пораснат“, вели тој за агенцијата DPA.

Според Рене Шпрингер, пратеникот кој го постави ова прашање на Владата, партијата Алтернатива за Германија остро се спротивставува на масовното доселување, особено кога станува збор за прием на баратели на азил.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе