Живот

Playboy зајачица тврди: Документарецот за Хефнер ќе биде одвратен

19. јуни 2018 - 10:17 | М.Д.

Најновиот документарец за животот во Playboy вилата ќе ги открие најмрачните тајни на основачот на истоимениот магазин Хју Хефнер.

Некогашната зајачица Карла Хау, која во вилата живееше со својата сестра близначка Мелиса, вели дека гледачите на овој филм ќе имаат прилика да видат нешто „одвратно“.

Хефнер, познат по својот хедонизам, но уште попознат како основач на „Playboy“, најпознатиот магазин за мажи, живееше во својата вила заедно со многубројни убавици. Меѓутоа, јавноста сега, во нова емисија за него, ќе открие каков всушност бил тој во својата приватност и како се однесувал кон овие девојки.

„Во тек е снимањето на документарец за вилата. Продуцентите ги повикуваат девојките кои живееја во оваа вила“, открива Карла Хау за „Daily Mail“.

Иако истакна дека не присуствувала во ниту еден инцидент, Карла додаде дека слушнала „многу одвратни работи“ за покојниот Хефнер.

„Никогаш не сум имала лошо искуство со него, но има многу девојки кои имаа. Некои од нив дури сега зборуваат за тоа и она што ќе го слушнете воопшто не е убаво. Тој некогаш чуваше по осум девојки затворени во соба, кои го чекаа својот ред кај него. За среќа, на мене никогаш ми се нема случено ништо лошо. Кога јас живеев во вилата, Хју веќе беше оженет, па така можам да кажам дека сум една од ретките кои добро поминаа“, изјави Карла.

Додава дека многу девојки и велеле дека е многу „среќна“ поради тоа што не дошла порано да живее во вилата, туку дури кога Хефнер веќе се ожени. Тврди и дека Хефнер знаел дека овие работи кога-тогаш ќе се појават во јавноста.

„Девојките беа свесни во што влегуваат кога ги прифатија неговите услови, сакаа да ги заменат своите животи за кариера. Секако, некои од работите кои се случија се ужасни и тоа никако не беше во ред“, открива таа.

Инаку, првата зајачица која јавно зборуваше за животот во Playboy вилата беше Холи Медисон, која со Кендра Вилкинсон живееше кај Хефнер седум години.

„Морав да изгледам како да се чувствувам фантастично, а бев ужасно несреќна. Вики носеше огромен број на жени во неговиот кревет, а и јасно ми е зошто го правеше тоа - колку повеќе жени му носеше, толку беше помала шансата таа да мора да има секс со него“, открива Холи во автобиографијата која ја објави пред три години.

Коментирај