Гејминг

PlayStation 4 се продава подобро од неговиот претходник

7. ноември 2018 - 15:48 | К.З.

Конзолата PlayStation 4 на Sony и понатаму се продава одлично, дури и по 5 години на пазарот. Неодамна се појавија гласини дека Sony работи на нова конзола, но ниту тоа не ги разубеди купувачите да престанат да купуваат PlayStation 4.

Од самото појавување досега конзолата на Sony од најновата генерација се продаде во 86,1 милиони примероци, од кои 4 милиони примероци беа продадени во последниот квартал.

Со бројките од последниот квартал, PlayStation 4 го надмина неговиот претходник PlayStation 3, кој во текот на неговото постоење се продаде во 83,8 милиони примероци. Пред „четворката“ се наоѓа долг пат додека да стане најпродаваната конзола на Sony, бидејќи оригиналниот PlayStation се продаде во 102 милиони примероци, а на самиот врв се наоѓа легендарниот PlayStation 2, кој успеа да стигне до бројката од 155 милиони продадени примероци.

Не знаеме дали PlayStation 4 ќе успее да ги престигне неговите претходници, тоа сепак изгледа малку веројатно во моментов. Сепак, оваа конзола донесе многу среќни моменти кај корисниците и со сигурност ќе остане запаметена како една од најдобрите конзоли кои некогаш се појавиле на пазарот.

Коментирај