PlayStation 5 ги подели гејмерите – Што е ново?

По долго чекање, Sony на гејмерите конечно им го покажа дизајнот на новата, петта генерација на конзолата PlayStation, заедно со низа фантастични наслови на игри кои стигнаа со неа.

PlayStation 5 има црно јадро опкружено со заоблена бела рамка од под која ѕирка сино светло. Конзолата доаѓа заедно со држач на кој стои вертикално. Конзолата може и да се продолжи, при што ефектот на синото светло не е толку силен.

Remote video URL

Во пакет со PS5 доаѓаат и елегантно дизајнирани џојстици, држачи за џојстици, слушалки, далечински управувач, полнач и безжичен хедсет.

Во поглед на игрите, со PS5 стигнаа и две продолженија на најпродаваните изданија за PS4 - Spider-Man: Miles Morales и Horizon: Forbidden West. Меѓу останатите истакнати наслови се Grand Turismo 7 и долго очекуваната хорор игра Resident Evil 8.

Remote video URL

„Иако има уште многу неодговорени прашања за PS5, како цената и датумот кога ќе се појави во продажба, сметам дека Sony направи сѐ што е потребно при откривањето на изгледот на нов уред“, смета Лора Кејт Дејл, познат интернет критичар на игри и гејмерска технологија.

Гејмерите на социјалните мрежи имаат поделено мислење за изгледот на новата конзола. Некои сметаат дека изгледа како Wi-Fi рутер, а други се задоволни од промената на дизајнот, па дури и ја нарекоа конзолата „секси“.

URL

Новата машина на Sony ќе стигне на пазарот кон крајот на годината, заедно со ривалот од Microsoft – конзолата Xbox Series X.

URL

PlayStation 5 доаѓа седум години по PS4. Она што досега се знае е дека е опремена со AMD Zen 2 процесор и графички чип што се темели на AMD RDNA 2 архитектура. PS5 наводно ќе биде „100 пати побрза“ од PS4.

Конзолата PS5 ќе поддржува и 8K дисплеи, а доаѓа и со надграден хардвер кој е така дизајниран да го подигне уживањето во играта на едно сосема ново ниво.

Тагови
реклама

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Гејминг

Apple: iPhone 15 Pro ќе биде најдобрата гејминг конзола

Read more

Grand Theft Auto V слави десетгодишнина

Read more

Deep Earth Collection додатоците ја менуваат бојата на PS5, доаѓаат и контролори во нови нијанси

Read more

Call of Duty: Modern Warfare III ќе користи ВИ технологија против токсичните гласовни разговори

Read more
 

Гик

Windows 11 добива голема надградба, фокус на една функција

Читај повеќе

Научници пресметаa кога Земјата ќе биде погодена од астероид со моќност од 22 атомски бомби

Читај повеќе

Решена е децениската мистерија што ги прави отпечатоците од „копита“ на дното на океанот

Читај повеќе

Apple започна со продажба на iPhone телефони произведени во Индија

Читај повеќе

Робот ќе пребарува објекти што горат и ќе наоѓа луѓе што треба да се спасат

Читај повеќе
  • filter

Xiaomi ги претстави Redmi Note 13, 13 Pro и 13 Pro+

Читај повеќе

Дали црните дупки се зголемуваат како што универзумот се шири ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ако НАСА воопшто не постоеше?

Читај повеќе

Xiaomi Redmi Note 13 Pro ќе има невообичаено висок капацитет на меморија и брзина на полнење

Читај повеќе