Плажите во Сиднеј затворени за прв пат во 60 години поради напад од ајкула

Неколку плажи во Сиднеј се затворени откако едно лице загина во напад од ајкула, што е прва таква смрт на градските плажи во последните 60 години.

Поставени се мамки за ајкули во близина на местото на нападот, додека со дронови се испитува дали ајкулата уште е во тоа подрачје.

Властите соопштија дека нападот се слушил на плажата Литл Беј, околу 15 км јужно од Сиднеј. Полицијата се уште не го откри идентитетот на загинатиот.

„Ова е голем шок за нашата заедница“,изјави градоначалникот Дилан Паркер за Reuters. „Нашиот брег е наш двор и трагичната смрт под такви ужасни околности е целосно шокантна“, изјави тој.

Биолозите од Одделот за примарна индустрија на Нов Јужен Велс веруваат дека ајкула долга најмалку 3 метри веројатно е одговорна за нападот, судејќи според снимка направена од местото на настанот. Ова е прв смртоносен напад на ајкула во Сиднеј од 1963 година, покажаа податоците.

Властите издадоа наредба да не се влегува во вода, и покрај високите температури.

„Неколку луди сурфери се уште ризикуваат но повеќето луѓе се внимателни и не влегуваме да се капеме додека ајкулите не си заминат“, изјави за Reuters локалната жителка Карен Ромалис.

Remote video URL
Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе