ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ПАРИЗ 2024

Пливачко злато за Ирска: Вифен го собори олимпискиот рекорд на 800 метри

Ирецот Даниел Вифен ја потврди доминацијата на долги патеки, па покрај титулата светски првак од Доха, со нов олимписки рекорд го додаде и олимпиското злато на ЛОИ во Париз на 800 метри.

Момчето од Лохборо исплива брилијантно со време од 7:38.19 минути, победувајќи ги Американецот Боби Финк (7:38.75 - златен од Токио 2021) и Италијанецот Грегорио Палтриниери (7:39.38) и ѝ го донесе на Ирска првото олимписко злато во пливање во машка конкуренција и прво по Игрите во Атланта 1996. Ќе видиме дали сето тоа ќе може да го повтори на 1.500 метри, бидејќи во Доха стана светски првак и во таа дисциплина.

Одличната Австралијка Кејли МекКион го освои златниот медал на 100 метри грбно со нов олимписки рекорд од 57,33 секунди. Таа ги надмина светската рекордерка Реган Смит (57,66) и Кетрин Беркоф (57,98), двете од САД.

Третото финале на вечерта беше четирикратната штафета на 200 метри слободно кај мажите со 9 екипи, а Велика Британија славеше со време од 6:59,43 минути бранејќи го златото од Токио. Трката беше повеќе од возбудлива, Британците водеа од втората смена пред Американците, а потоа Австралијците. Она што го направија Џејмс Гај, Том Дин и Метју Ричардс беше позлатено во последната измена од Данкан Скот. 

Среброто ѝ припадна на штафетата на САД (Хобсон, Фостер, Киблер, Смит - 7:01.98), а бронзата ја освои Австралија (Џулиани, Соутам, Винингтон, Нил - 7:01.98).

реклама

Останати спортови

Мајк Тајсон: Али ќе ме победеше и во моите најдобри денови

Read more

Федерика Брињоне испиша историјата во Светскиот куп

Read more

Конор Мекгрегор се кандидира за претседател на Ирска

Read more

ИОК има нова претседателка - од Зимбабве

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Извлечени групите за ЕвроБаскетот 2025

Читај повеќе

Анчелоти преговара со Бразил

Читај повеќе

Шумахер има потреба од постојана грижа и е целосно зависен од неговите старатели

Читај повеќе

ПСЖ формира кошаркарски клуб и веднаш станува дел од НБА лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Проблемите на Алиша Леман: Ако сакам да играм со нокти и шминка, ќе играм

Читај повеќе

Близнаците на Дарен Флечер се капитени на две различни репрезентации

Читај повеќе
  • play_arrow

Чудесна победа: Леброн со звукот на сирената го спаси промашувањето на Дончиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ се врати од повредата против Бакс и издоминира со нови рекорди

Читај повеќе

Гледач ја навредуваше Ига Швјонтек на тренинг, тенисерката доби дополнително обезбедување

Читај повеќе