По 107 дена: Сиднеј го слави крајот на ковид карантинот
Сиднеј излезе од карантин по скоро четири месеци. Луѓето стоеја во редици пред пабови и трговски центри отворени на полноќ, специјално за оваа прилика, пишува BBC.
КОВИД-правилата забрануваа домашни посети и патувања надвор од зоната од 5 километри, разделувајќи многу семејства. Сега, повеќето ограничувања се ублажени за целосно вакцинираните луѓе.
Сега, може луѓето може заедно да присуствуваат во ресторани, како и да посетуваат теретани, библиотеки и базени.
Оваа слобода доаѓа откако државата Нов Јужен Велс достигна цел од 70% целосно вакцинирани луѓе постари од 16 години. Дополнителните ограничувања ќе се ублажат кога 80% ќе бидат целосно вакцинирани. Засега повеќе од 90% од возрасните примиле прва доза.