ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2024

По 13 години Алексис Санчес се враќа во Удинезе

Чилеанскиот ас изненадувачки одлучил да се врати во Удинезе откако стана слободен играч по престанокот на договорот со Интер.

Санчес од времето во Удинезе

Sky Sport Italia пренесува дека 35-годишниот Чилеанец летово во своите редови сакаа да го видат француските клубови Олимпик од Марсеј и Лил, но трансфер експертот Џанлука Ди Марцио вели дека самиот тој одлучил да се врати во Удинезе.

Санчес со тимот од Удине потпиша во 2006 година, но се пресели во 2008 и за 3 сезони стана миленик на навивачите, но одличните игри направија и да добие куп понуди. Така, летото 2011 година беше продаден во Барселона за 26 милиони евра. Тоа беше првиот од неколкуте големи трансфери бидејќи следуваа преселби во Арсенал, Манчестер Јунајтед, па враќање на Чизмата во 2019 во редовите на Интер.

Во трите сезони за „Бјанконерите“ од Удине одигра 112 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна 21 гол и асистираше 20 пати.

Чилеанскиот репрезентативец минатата сезона покажа дека и натаму може да допринесува на високо ниво, каде иако резервист постигна 4 гола и намести, 5 помагајќи му на Интер да стигне до Скудетото.

За Чиле играше на овогодишната Копа Америка, која му беше вкупно петта. Има 166 натпревари за Чилеанците и 51 гол.

реклама

Фудбал

Билетарницата на Арената денеска ќе работи од 10 до 18 часот

Read more

Ван Дајк заминува од Ливерпул?

Read more

Тимот на велшките навивачи утре на пладне ќе игра против Слободен

Read more

Тудор возел 10 часа од Сплит до Торино за 500.000 евра

Read more
 

Спорт

Билетарницата на Арената денеска ќе работи од 10 до 18 часот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс се непрепознатливи: Дончиќ и Леброн добија нова шлаканица, трета по ред

Читај повеќе

Ван Дајк заминува од Ливерпул?

Читај повеќе

Ѓоковиќ сруши рекорд на Надал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тимот на велшките навивачи утре на пладне ќе игра против Слободен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајкл Џордан ја отвори четвртата бесплатна клиника

Читај повеќе

Тудор возел 10 часа од Сплит до Торино за 500.000 евра

Читај повеќе

Челси во необична позиција: Ќе мора да плати за да не го откупи Санчо

Читај повеќе

Шкупи го повлече дресот на Андреј Лазаров, клубот ќе го исплати целиот договор на неговото семејство

Читај повеќе