По 15 септември ќе се знае колку ученици ќе ја следат наставата со физичко присуство

Скопје, 1 септември 2020 (МИА) – Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска изјави дека сè уште не знае колку од учениците ќе ја следат наставата со физичко присуство, а колку онлајн.

– Тој процент ќе се знае по 15 септември, бидејќи во моментов тече повикот кон сите основачи или сите општини и совети на училиштата, кои треба да се обратат до Комисијата во Владата, која треба да им одговори позитивно или негативно. Во тој момент ќе имаме пресек колку од нив стартуваат со физичко присуство, а колку ученици ќе ја следат наставата со учење од далечина, рече министерката Царовска.

Таа потенцира дека се работи за динамичен процес и оти не значи дека оние кои ќе почнат со физичко присуство, доколку епидемиолошката слика во општината се промени, така и ќе продолжат, а се ќе зависи од епидемиолошката слика.

– Ако во одредено училиште се појави ширење на заразата, ќе се даде насока тоа да ја продолжи наставата онлајн. Целиот образовен систем го подготвуваме за онлајн настава, потенцира Царовска.

Според податоците, во учебната 2020/2021 во прво одделение се запишале 20.796, а за прва година средно образование 16.308 ученици. Мината година, 187.000 се запишале во основно образование, а 71.200 во средно. Таа потенцираше дека, иако законските рокови за уписите во училиштата траат до крајот на септември, не очекува да има поголема промена на актуелните бројки.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека протоколите биле работени детално, со цел да се опфатат сите аспекти, како на пример, движење на учениците, нивниот број во паралелка, контактите за време на одморите, со придржување на сите мерки за превенција и проблемите кои би се појавиле доколку не се почитуваат мерките за заштита. Министерот посочи дека во други држави дошло до влошување на епидемиолошката слика откако училиштата целосно биле отворени.

– Почетокот на учебната година намерно го препорачавме да биде почетокот на октомври, со цел да ја следиме и да видиме каква ќе биде епидемиската слика во месец септември, кога поради други фактори, сметаме дека може да има потенцијални ризици, кои можат епидемијата ја влошат. Луѓето се враќаат од патувања, се враќаат на работни места, а тоа се ризици кои можат да ја влошат ситуацијата, рече Филипче, кој информираше дека во Владата се разговара за отворање на градинките.

Тој истакна дека во септември ќе се следи состојбата и ако има влошување на епидемијата тогаш ќе носат одлуки кои ќе одговараат на таа ситуација и ќе се стори се за да оптоварување на здравствениот систем.

Remote video URL
реклама

Кои се првите симптоми на венска болест?

Read more
Угреновиќ се произнесе виновен за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски

Угреновиќ се произнесе виновен за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски

Read more
Хан: Го видов невозможното во Македонија

Хан: Го видов невозможното во Македонија

Read more
Седум работи што не сте ги знаеле за Иванка Трамп

Седум работи што не сте ги знаеле за Иванка Трамп

Read more

Македонија

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака во Кипар

Read more

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради ракометниот натпревар

Read more

Семејствата на жртвите во Пулс ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Read more

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Read more
 

Вести

Во претреси во повеќе градови најдени оружје и муниција, има приведени

Читај повеќе

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака во Кипар

Читај повеќе

Politico: Германска компанија ги заобиколила санкциите и преку Словенија продала технологија на Русија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради ракометниот натпревар

Читај повеќе

Семејствата на жртвите во Пулс ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Читај повеќе

Пристигна одговорот на ЕУ на заканата на Трамп за царините

Читај повеќе

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Читај повеќе

Трамп: Ќе воведам царина од 25% на Apple ако не почне да произведува iPhone во Америка

Читај повеќе

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Читај повеќе