По 16 години повторно Рудар-рок фест во Пробиштип

На 26 август (петок) годинава конечно ќе се реактивира рок фестивалот Рудар-рок фест во Пробиштип кој порано се одржуваше секоја година.

На иницијатива на локални вљубеници во рок музиката, Рудар-рок фест се враќа на македонската музичка сцена по 16-годишно отсуство (за момент се врати во 2010 година, но потоа не продолжи).

„Со особено задоволство сакаме да ви го најавиме и претставиме овогодишното издание на Рудар-рок фест 2022. Се работи за рок фестивал кој што успеавме да го реинкарнираме повторно после повеќе од 16 години (со исклучок во една година, 2010). Фестивалот настана и за прв пат се оддржа во далечната 1997 година. Во првите неколку години успешно се оддржуваше и во тоа време постоеше некоја надеж дека ќе заживее како традиционален рок фестивал на град Пробиштип“, објави организаторот.

Годинава ќе настапат неколку бендови претставници на македонската хард-рок музика: „Крпен Живот“, „Последен удар“, „Eruption“, „Station : Innermost“ и „Conspiracy“. За сите новости и евентуални промени заинтересираните можат да се информираат на настанот на Facebook.

Фестивалот ќе се одржи на повеќенаменското игралиште во Градскиот парк во Пробиштип.

„Со оглед на препознатливоста на нашиот град преку рударството, хард-рок музиката е културен и уметнички израз преку кој на најавтентичен начин може да олицетвори оваа тешка дејност. Рударската професија ја карактеризира јаката човечка волја која доаѓа во костец со карпестото сивило. Во тој напор на рударот и во таа спрега со тоа сивило се претопуваат вредните метал-и и не-метал-и. Строгоста, тежината и сериозноста на оваа дејност создава длабока и силна човечка егзистенција. Рударот е опкружен со тврдите и високи тонови произведени од железните машини и тешките алати кои му се придружник во рудниците. Звуците создадени од судирот помеѓу чудовишните машини како движењето на лифтот, пискотниците на вагоните низ шините, бушењето на бургиите во карпата, наоѓаат свој креативен израз во соло изведбите на гитарата. Ударите на чеканот, протокот на рудата низ шутовите, бучноста од движењето на скреперите, сето ова произведува ритмови за бас. Татнежите од експлозиите и грмливиот пад на рудата се предмет за обработка на звук за тапани. ДА, ТВРДИОТ РОК е најдобар начин, уметнички, да се изрази атмосферата на РУДАРСКАТА професија. Затоа ни е потребен РУДАР-РОК ФЕСТ“.

Тагови
реклама

МК сцена

SMUT го објави новиот сингл Еден Ден

Read more

Најубавите цитати од Тоше Проески за љубовта и животот

Read more

„Као какао“ на Леб и сол по 35 години повторно на винил

Read more

Трпчески: Најголемата награда е кога ќе ја видите среќата на публиката

Read more
 

Сцена

Која е Нур Алфала, со која Ал Пачино ќе има дете?

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со „Малата сирена“

Читај повеќе

Почина Драги Христов - Шпага

Читај повеќе

Ал Пачино ќе се придружи на клубот стари татковци

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за John Wick Chapter 4

Читај повеќе

Актери и актерки кои пораснале во сиромаштија, а денес се светски ѕвезди

Читај повеќе
  • play_arrow

Судот одлучи: Сцената од филмот „Romeo and Juliet“ не е детска порнографија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Amazon Prime се мајтапи со Netflix за забраната за споделување лозинка

Читај повеќе