Астронаутите кои отпатуваа на Меѓународната вселенска станица и престојуваа на неа во склоп на мисијата Crew-3, се вратија на Земјата.

Астронаутите се вратија безбедно во капсула на Crew Dragon која се спушти во Мексиканскиот Залив. Станува збор за Crew Dragon Endurance, која првиот лет со астронаути го имаше во ноември, 2021 година.
НАСА го сними спектакуларното видео од враќањето на астронаутите на Земјата. Како што може да се види, капсулата свети со инфрацрвена светлина, веројатно поради високата температура во текот на влегувањето во Земјината атмосфера.
Во капсулата беа астронаутите Кајла Барон, Раја Чари и Том Маршбурн на НАСА, како и астронаутот Матиас Маурер на ЕСА. Токму Маурер е единствениот астронаут ветеран со петта вселенска прошетка во текот на мисијата Crew 3.
Екипажот мина 177 дена во орбитата, а мисијата уште на почетокот имаше проблем бидејќи астронаутите мораа да побараат засолниште во транспортно летало кога Станицата минуваше покрај опасното поле на вселенскиот отпад.
Следната мисија на SpaceX со екипаж кој патува на Станицата е закажана за септември. Тогаш ќе отпатуваат двајца астронаути на НАСА, еден член на јапонската вселенска агенција и еден руски космонаут.