Цели 27 години од објавувањето на играта Doom за Sega Saturn, се појави нов „cheat code“.
Новата комбинација на копчиња ја откри корисник на X под корисничко име „memory_fallen“.
Како што пренесува порталот Time Extension, кога играчот ја користи комбинацијата што ја открил овој корисник на X, ѕидовите стануваат полутранспарентни.
Ако сè уште имате Sega Saturn како и Doom за оваа конзола, треба да ја паузирате играта и потоа да го направите следново: X, десно, B, Y, X, десно, B, Y.
Here's a cheat code for the Saturn version of DOOM that I think has gone unnoticed since 1997. Pause the game and press:
— Bo (Low Context Burning Rangers) (@memory_fallen) September 10, 2024
X, Right, B, Y, X, Right, B, Y
The walls will become semi-transparent. See the before/after pictures below! pic.twitter.com/iLRDwEr46M
Кој ќе проба нека каже!