По 32 години Англија го доби вториот геј фудбалер - Џејк Даниелс од Блекпул

Дури 32 години после последниот англиски геј фудбалер, младиот Џејк Даниелс од Блекпул реши јавно да проговори и да ја открие тајната за неговата сексуална ориентација.

Кога интервјуто на црномурниот Џастин Фушану на 22 октомври 1990 година излезе во таблоидот The Sun овој лондончанец стана првиот англиски фудбалер кој јавно призна дека е геј. На наредниот се чекаше до сега, дури 32 години подоцна, во мај 2022 година.

„Им кажав на мајка ми и на сестра ми. Тие ми рекоа: 'Па да, веќе знаевме'. Ден после тоа игравме со Акрингтон и постигнав 4 голови, што само покажува колкава тежина ми падна од рамена и колку само ми се олесни“, раскажува Џејк за Sky Sports.

Даниелс вели и дека неговите соиграчи од Блекпул му дале голема поддршка, особено капитенот Крис Маквел, велшки голман. Никој не го осудил. За да проговори јавно му помогнале и примерите на Австралиецот Џош Кавало, на британскиот пливач Том Дејли кој освои злато на ЛОИ во Токио, и на тренерот на Тетфорд Таун, Мет Мортон.

URL

„Сега е вистинското време да се направи ова. Чувствувам дека сум подготвен да им ја раскажам на луѓето мојата приказна. Сакам луѓето да го запознаат вистинскиот јас. Долго време мислев како да го направам ова, кога сакам да го направам. Знам дека е време. Подготвен сум да бидам јас, да бидам слободен и да бидам сигурен со тоа“.

Има само 17 години и скоро потпиша професионален договор. Игра како напаѓач, а сезонава дебитираше за првиот тим во Чемпионшип на 7 мај против Питербороу Јунајтед откако претходно играјќи за младинците постигна 40 голови.

„Не можам точно да одредам временска рамка, но веројатно имав 5 или 6 години кога знаев дека сум геј. Така да долго време живеев во лага. На тие години не размислувате баш на тоа дека фудбалот и да се биде геј не може да се поврзат. Си мислите дека еден ден кога ќе пораснете ќе си фатите девојка и ќе се промените, и сѐ ќе биде во ред. Но, како што растете сфаќате дека не можете да се промените. Тоа не функционира така“.

„Имав девојки во минатото, се обидував сите мои другари да ги убедам дека сум хетеро, но тоа беше само едно големо прикривање. На училиште многумина ме прашуваа: 'Сигурен си дека не си геј?', а јас им одговарав: 'Не, не сум'“.

Јавното излегување на Даниелс го поздравија и Хари Кејн, Гари Невил и поранешната легенда на англискиот фудбал Гари Линекер.

URL

Блекпул сезонава во втората англиска лига заврши на 16. место

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе