По 40 години Пониква добива реконструирани ски лифтови

Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта издвои средства да се реконструира патот за еден помасовен туризам на Пониква, а Министерството за локална самоуправа заедно со Швајцарската агенција за развој и соработка, обезбедија 5 милиони денари да се реконструираат и да се стават во функција ски лифтовите во рамки на Источниот плански регион.

Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, со проектот е опфатена реконструкција на постојните ски-лифтовите со должина од вкупно 692 метри, замена на сајли, котви, лагери, редуктори, комплетна електроника, репарација на стопи и бојадисување на столбови и друго. Со реконструкцијата на ски лифтовите на Пониква ќе се зголеми побарувачката за спортски туризам, ќе се привлечат спортски клубови и спортисти, како и аматери, деца и љубители на зимскиот туризам и ќе се зголеми безбедноста на посетителите.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски изрази задоволство што овие ски лифтови ќе бидат ставени во функција иако биле заборавени од времето, нефункционални.

– Источниот плански регион заедно со Општина Кочани, имаат идеја за туризмот и за развој на регионот. Со комплетната реконструкција на старите и нефункционални ски-лифтови се очекува да се подобрат условите за скијање, да се намалат досегашниот метеж, односно да се зголеми капацитетот на гости. Со реализација на овој проект ќе се подобрат условите за работа на ски клубовите и школите за млади скијачи, како и подобри услови за скијање на сите потенцијални скијачи и туристи на Пониква. Реконструираните ски лифтови ќе бидат достапни за употреба на сите категории граѓани, деца, ученици, студенти, вработени, невработени, пензионери, а за ранливите категории граѓани кои имаат желба за скијање ќе бидат обезбедени посебни поволности односно организиран превоз и бесплатно скијање, рече Милевски.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев изјави дека ги реконструираат и скии лифтовите кои, како што рече, се изградени пред нешто повеќе од 40 години. Според него, се работи за проект кој е навистина регионален и кој ќе придонесе за да се одржи скијањето, да се подобри безбедноста на скијачите кои скијаат на Пониква, да се придонесе и за развој на зимскиот туризам на Пониква.

За Мирјана Македонска, национална програмска координаторка на Амбасадата на Швајцарија во Скопје партиципативноста и транспарентноста се клучните вредности на Швајцарија, а преку овие проекти тие се еден од најголемите билатерални донатори во Северна Македонија.

– Преку регионалните форуми кои што ги организираше Источниот плански регион, граѓаните од регионот можеа да се изјаснат за што да се наменат средствата во регионот за да се придонесе кон подобар развој на источниот плански регион и токму граѓаните одлучија дека тоа треба да биде ски лифтот на Пониква, појаснува таа.

Според Петре Крстов, вработен во информативниот центар на Пониква за време на викендите доаѓаат многу луѓе кои се воодушевени од природата и не им се верува дека вакво место воопшто постоело во нашата земја.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Read more

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Read more

Врнежливо време со температури до 17°C

Read more

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Read more
 

Вести

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе