По 57. пат „Рацинови средби“ на 25 и 26 септември во Велес

Во Велес, градот на Рацин, годинашните 57. „Рацинови средби“ ќе се одржат на 25 и 26 септември, информираше денеска велешкиот градоначалник Аце Коцевски.

Во состав на „Рациновите средби“ ќе се одржи Меѓународната научна конференција на која ќе се говори на две теми, 75 години современ македонски јазик, азбука и правопис и Јазикот и стилот во творештвото на Горан Стефановски.

На свеченото отворање ќе има поетски митинг со учество на домашни и странски автори, некои во живо, а некои ќе се обратат и со видео пораки, а меѓу нив има и врвни светски поетски имиња и добитници на признанието на Струшките вечери на поезијата.

– Првата вечер ќе биде завршена со етно концерт на познатата група „Синтезис“, а сѐ што ќе биде организирано ќе биде согласно протоколите на Владата односно на Комисијата за заразни болести за држење на предвиденото растојание, најави Коцевски.

Воедно, ќе има и промоции на книги, а на свеченото затворање поетски перформанс „Колаж за Рацин“ ќе изведат актерите од Националната установа „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а потоа ќе бидат доделени Почесното Рациново признание за 2020 и Рациновото признание, додека програмата ќе заврши со концерт на Градскиот Камерен оркестар.

– Научната конференција е предвидена во просториите на Општина Велес, а во Младинскиот парк на отворено, ќе се одржат останатите делови од програмата, ако за тоа дозволуваат временските услови, појасни Коцевски.

реклама

Метеорит што проби покрив на куќа во Њу Џерси би можел да содржи индиции за потеклото на животот

Read more

Зошто повеќето денешни бензинци имаат 1,5 турбо мотор: Не е случајно

Read more

Русија го нападна Суми со 5 бомби, погодена е цивилната инфраструктура

Read more

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Read more

Култура

Општина Чаир: Од 23 до 26 јули ќе се одржи првото издание на Меѓународниот музички фестивал Чаршија

Read more

Почнува меѓународниот фолклорен фестивал Гази Баба 2026

Read more

Бесплатни проекции на македонски филмови на големото платно

Read more

Изложба на мозаици на академскиот сликар и мозаичар Ѓорѓи Томовски во Охрид

Read more

Вести

Црна Гора го укинува безвизниот режим за Русите

Читај повеќе

Русија го нападна Суми со 5 бомби, погодена е цивилната инфраструктура

Читај повеќе

Делови од Горно Соње и Бардовци денеска без струја

Читај повеќе

Ќе нема вода во дел од Ченто

Читај повеќе

Температурите денеска до 39 степени, попладне дожд и грмежи

Читај повеќе

Трамп драстично го намалува времето што странските студенти и новинари можат да го поминат во САД

Читај повеќе

Времето утре сончево и топло, попладне локален дожд и грмежи

Читај повеќе

Кремљ: Тешкотиите во руската економија не се критични

Читај повеќе

Пресуда за уривањето на мостот во Џенова при што загинаа 43 лица

Читај повеќе