Неколку авиокомпании ги прекинаа летовите кон Русија по падот на AZAL Embraer 190.

Според Airlive, по пречките на GPS-сигналите и ракетата за противвоздушна одбрана, што резултираше со соборување на авионот на азербејџански AZAL, Embraer 190, во близина на Актау, Казахстан, неколку авиокомпании одлучија да ги запрат рутите до Русија.
AZAL ги прекина летовите од Баку до 7 руски градови, меѓу кои и Сочи, Волгоград, Самара, Грозни и Махачкала. Израелскиот El Al го прекина летот Тел Авив-Москва за следната недела, поради „развојот на ситуацијата во рускиот воздушен простор“.
Авиокомпанијата Fly Dubai ги прекина сите летови од Дубаи до Сочи, додека казахстанска авиокомпанија ги прекина летовите меѓу Астана и Екатеринбург.