Македонија

По четири дена болничко лекување, Јанева денеска треба да биде вратена во притвор

14. октомври 2019 - 11:05 | МИА

Скопје, 14 октомври 2019 (МИА) – Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева по четири дена болничко лекување во клиниката „Жан Митрев“ денеска треба да биде вратена во притвор во истражниот затвор „Скопје“.

Адвокатка Ирена Фрчкоска, рече дека очекуваат Јанева денеска да биде пуштена од болничко лекување, кога ќе имаат и повеќе детали за здравствената состојба.

– Најверојатно ќе биде пуштена денеска напладне и тогаш ќе знам повеќе детали, изјави Фрчкоска.

Поради висок притисок и општа анксиозност Јанева минатата недела беше пренесена на клиниката „Жан Митрев“ на интернистичко кардиолошки преглед.

Фрчкоска, на 10 октомври, кажа дека Јанева е задржана во клиниката „Жан Митрев“ на понатамошно следење, како пациент во сомнителна прединфарктна состојба.

Претходно, одбраната на Јанева побара притворот да ѝ биде заменет со куќен притвор, но Судот го одби ова барање.

Јанева е обвинета во аферата „Рекет“ и издржува мерка притвор во истражниот затвор „Скопје“.

Коментирај