Коосновачот на Ред Бул, Дитрих Матешиц, почина на 78-годишна возраст по долго боледување.
Австрискиот бизнисмен ја основал компанијата за производство на енергетски пијалоци во 1984 година и имал голема улога во вклучувањето на брендот во Формула 1.
Матешиц поседуваше 49 отсто од брендот за енергетски пијалоци и беше движечката сила зад нејзината соработка со Формула 1, која започна во средината на 90-тите.
Матешиц зад себе ги остави својата долгогодишна партнерка Марион Фајхтнер и синот Марк Герхардтер.