По Гасол го раскина договорот со Спарс, се сели во Милвоки

Сан Антонио Спарс и По Гасол најдоа заеднички јазик околу откупувањето на договорот на легендарниот шпански кошаркар, и тој во наредните неколку дена ќе добие шанса да потпише со еден од тимовите кои се вистинска закана за напад на шампионската титула – Милвоки Бакс.

Можеби најдобрите години на Гасол се далеку зад него, но тимовите од НБА лигата и понатаму го ценат неговото победничко искуство.

Постариот од браќата Гасол веќе се збогуваше со Сан Антонио Спарс и најави дека веќе направил избор дека ќе потпише со Милвоки Бакс откако техничките детали околу раскинувањето на неговиот договор ќе бидат завршени. Тоа значи дека тој, како и неговиот брат Марк, ќе игра во плејофот од Источната конференција.

Досега двајцата браќа беа ривали на Западот, а во само еден месец и двајцата се преселија на Исток.

По Гасол е двоен шампион во НБА лигата, од 2009 и 2011 година, кога со тимот на Лејкерс успеа да ја покори лигата и да се докаже како еден од најдобрите играчи на неговата позиција во последните 20 години. Неговото присуство во Милвоки, макар на клупата, би требало да придонесе многу за овој тим со огромен потенцијал, кој во моментов има најдобар скор во целата лига.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Кошарка

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Read more

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе