По изборите во Шпанија: ПСОЕ нема да коалицира со опозициската ПП

Мадрид, 11 ноември 2019 (МИА) – Шпанската владејачка Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на премиерот Педро Санчес денеска соопшти дека нема да формира голема коалиција со главната опозициска Народна партија (ПП).

– Нема да се обложиме на голема коалициска влада потпирајќи се на каталонските партии, кои се залагаат за независност на шпанската покраина, соопшти ПСОЕ.

На вонредните парламентарни избори ПСОЕ освои 120 од 350 места во Долниот дом од шпанскиот Парламент, ПП освои 88, а десничарската партија Вокс доби 52 мандата.

Левичарската партија Подемос освои 35 места, додека Републиканската левица на Каталонија 13, а десничарската партија Сиудаданос доби 10 пратеници.

Поради неуспехот на изборите, лидерот на Сиудаданос, Алберт Ривера денеска поднесе оставка. Сиудаданос вчера освои само 10 пратенички места, додека на изборите одржани на 28 април доби 57 мандати.

Ривера на прес-конференција изјави дека поднесува оставка бидејќи „неуспехот им припаѓа на лидерите“ и додаде дека поднесува оставка и од местото заменик во Конгресот.

Излезноста на вчерашните вонредни избори беше 69,94 отсто.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе