По хеликоптерската несреќа, мечки го изеле телото на поранешниот светски шампион во биатлон

Голема трагедија во Русија. Тројца Руси загинаа откако се урна хеликоптерот што го пилотираше поранешниот петкратен јуниорски светски шампион во биатлон.

Остатоците од хеликоптерот во кој се наоѓаше поранешниот светски шампион беа пронајдени во Камчатка на 17 јули. Пронајдени се три мртви лица, а сега руските новинари донесоа застрашувачки факти за несреќата.

Игор Малиновски почина на 16 јули заедно со Зоја Кајгородова и Сергеј Колесњак. Следниот ден, во близина на превојот Семјачков, на 13 километри од вулканот Узон, беа откриени коски на три лица. Руските и светските медиуми пишуваат дека мртвите тела на трите жртви биле искасапени и изедени од мечки.

Според вестите на Channel Five во Русија, Министерството за вонредни ситуации ги даде првите информации за трагедијата. Несреќата се случила за време на деветдневна обиколка на областа во услови кои не биле погодни за летање. Хеликоптерот требало да слета во соседното село Милково во 7 часот по локално време. Меѓутоа, комуникациите на хеликоптерот престанале, по што почнала потрага.

URL

Малиновски беше одличен биатлонец и сакаше да биде пилот

Локалните медиуми забележуваат дека хеликоптерот бил во сопственост на компанијата Vzlyot, чиј сопственик е таткото на Игор, Владимир Малиновски. Овој 25-годишник бил голем вљубеник во авијацијата и во него се судриле две желби. Од една страна, тој се обиде да ја продолжи кариерата како биатлонец, но неговата главна цел беше да стане пилот.

Студирал на Техничкото училиште за цивилно воздухопловство. Пред три месеци ја добил дозволата за пилот на Mi-8, а sports.ru наведува дека ја продал спортската опрема затоа што сакал да биде пилот.

Daily Mail пишува дека заминувањето на Малиновски го оплакува руската и светската биатлонска заедница. Јуриј Камински, главен тренер на руската машка репрезентација во биатлон, за спортската телевизија Match TV изјави: „На сите ни е многу жал. Долго време беше дел од нашиот машки тим и ветуваше многу. Тој беше прекрасен човек и одличен спортист. Колку што знам, се двоумеше дали да го напушти биатлонот или не, да се концентрира само на летање или не. Беше толку млад“.

„IBU и целото биатлонско семејство тагуваат за загубата на Игор Малиновски, петкратниот јуниорски светски шампион и натпреварувач во Светскиот куп. Секогаш ќе го паметиме како голем биатлонец. Изразуваме сочувство до неговото семејство“, рече претседателот на IBU, О. Далин.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Останати спортови

Се самоуби тренер обвинет за силување на 15-годишно девојче во САД

Read more

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Read more

И одбојкарите и одбојкарките ќе играат против Грција за пласман на ЕУРО 2026

Read more

О’Мали ја одбрани титулата во УФЦ

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе