По Лео Меси, суспендиран и Габриел Жезус

За непристојното однесување на Копа Америка казна доби и бразилскиот голгетер Габриел Жезус со тоа што неговата е за еден месец помала од онаа на Меси.

Габриел Жезус нема да може да настапува за репрезентацијата на Бразил во наредните два месеца, одлучи КОНМЕБОЛ и ќе ги пропушти септемвриските пријателски против Колумбија и Перу во САД. Јужноамериканската конфедерација го казни поради испадот за време на финалето од Копа Америка каде неговиот Бразил го совлада Перу, а играчот го постигна голот за 2:1.

Напаѓачот во 70-тата минута го фаулираше Карлос Самбрано и заработи исклучување поради втор жолт картон по што бурно реагираше на одлуката на Чилеанецот Роберто Тобар. Одбиваше да го напушти теренот, се буткаше со Перуанците, му викаше на судијата, гестикулираше кон ВАР собата, а продолжи да негодува дури и откако го напушти теренот. Жезус ќе мора да плати и 30 илјади долари.

Претходно Лео Меси доби тримесечна суспензија плус 50 илјади долари казна за коментарите што ги даде кон КОНМЕБОЛ дека Бразил добивал помош на патот кон титулата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Фудбал

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more
 

Спорт

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе