Откако неодамна поминаа романтичен меден месец, а пред нешто помалку од еден месец си го кажаа „судбоносното да“, се чини дека Џенифер Лопез и Бен Афлек решија да поминуваат помалку време заедно.
Како што пренесува Marca, славниот пар решил да направи „пауза“ по медениот месец, верувајќи дека овој потег долгорочно ќе биде од корист за нивната врска.
Со оглед на тоа што нивните кариери ги принудуваат да поминат одредено време разделени, младенците решиле да придонесат на овој начин за „ за да не се изгуби магијата меѓу нив“.
„Постојано зборуваат, пишуваат пораки, се гледаат на FaceTime кога се разделени и работат. Времето што го поминуваат одвоено го прави повторното обединување многу подобро. Џенифер сака да знае дека нејзиниот сопруг ќе биде тука за неа без разлика на сè“, рекол извор близок до парот.
Тој потоа додаде: „Да се разделат толку брзо по венчавката не е идеално, но тие знаат дека го имаат целиот живот пред нив и уживаат во секоја минута од патувањето“.
Сепак, некои обожаватели на славниот пар не се премногу убедени во оваа теорија. Имено, тие тврдат дека за „паузата“ е виновно минатото на Афлек, како и неговиот проблем со алкохолот. Тие исто така веруваат дека Лопез побарала од сопругот да побара стручна помош за неговата зависност.
Познато е дека актерот се лекуваше од зависност во 2001 година, но и во 2017 и 2018 година, додека сè уште беше во брак со актерката Џенифер Гарнер.
Тогаш, во една од најконтроверзните изјави, ја обвини поранешната сопруга за злоупотреба на алкохол.
„Тоа е дел од причината поради која почнав да пијам... затоа што бев заробен. Мислев: ‘Не можам да ја напуштам’ поради децата, но не сум среќен, што да правам? Испив шише виски и заспав на каучот, што не се покажа како решение. Веројатно уште ќе пиев“, рече тој тогаш.
Парот потоа се раздели, а тој рече:
„Имавме брак кој не функционираше, се случува, со некој што го сакам и почитувам, но со кој не треба да бидам во брак. На крајот на краиштата, се обидовме. Се обидовме затоа што имавме деца. И двајцата чувствувавме дека не сакаме ова да биде модел на брак што го гледаат нашите деца“.
И покрај гласините, Лопез и Афлек вчера беа забележани како делат бакнежи во Санта Моника. Се немаат огласено во јавноста по повод објавата на Marca.
Да потсетиме дека парот ја обнови својата романса во април 2021 година, набргу откако пејачката ја заврши свршувачката со поранешното момче Алекс Родригез. Таа и Афлек еднаш беа свршени во 2002 година, но ја откажаа венчавката. Сепак, на крајот повторно си го најдоа патот еден до друг.