Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ во второто коло на Мастерсот во Париз ќе игра против Унгарецот Мартон Фучович.
Фучович во првото коло го совлада Фабио Фоњини со 2:1 во сетови(6:1, 6:7, 7:6)
Унгарецот беше подобар во првиот сет од Фоњини кој се мачеше и со повреда.
Лошо сервираше, лошо се движеше, ништо не му одеше од рака. Сето тоа го искористи Фучович кој направи два брејка.
Фоњини имаше 63 неизнудени грешки.
Нè очекува интересен натпревар со светскиот рекет број еден и Фучович.