По пауза од две години во септември повторно изградба на пругата кон Бугарија

Новите изведувачи на работите на пругата кон Бугарија ќе добијат пристап до градилиштата месецов, а во тек на следниот се очекува и да стартуваат со конкретна работа, откако во меѓувреме ќе ги завршат административните процедури, со регистрација на подружници и обезбедување на потребните сертификати и  одобренија.

Strabag треба да ја заврши работата за реконструкција и доизградба на првата делница, Куманово- Бељаковце, каде од јуни 2020 година нема работа на терен, а Gülermak целосно да ја изгради втората Бељаковце-Крива Паланка. Нивен ќе биде раководниот и инженерскиот кадар, а наш оперативниот и градежната механизација.

Хари Локвенец, директор на ЈП „ЖРСМ Инфраструктура“, државното претпријатие инвеститор, ветува максимална транспарентност на прогресот на работите, со оглед на „минатото“ на повеќедеценискиот проект, со повеќекратни застои, на кој работеа и ветуваа дека ќе го завршат сите влади.

– Водејќи сметка дека Strabag е веќе етаблирана фирма во државата и ги има сите потребни услови за активирање на работата нивниот вовед во работа ќе биде многу побрз во споредба со воведот со работа на турската компанија. Пристап до градилиште ќе биде направен во текот на месецов за компаниите изведувачи, а почетокот на градба во координација со нив. Водејќи сметка дека е огромна работата за втората делница од пругата, очекувањата се дека тоа на оваа делница би се случило на крајот на септември, изјави Локвенец за МИА.

На стартот на работите, како што појасни тој, претходи отворање подружница во државава, добивање сертификати од Комората на овластени архитекти и инженери, која ги сертифицира звањата на инженерите и дава одобренија, како и одобрение од Министерството за транспорт и врски врз база на одобренијата кои ги добиле инженерите како составен дел на екипата за реализација на проектот.

– Како инвеститор имаме обврска следниот период да им дадеме пристап до градилиштето и да го обезбедиме денот за старт на работите. Датумот за почеток на работите, според правилата на ЕБРД, е од 8 до 90 дена по потпишување на договорот, а овие рокови, ќе бидат испочитувани сигурно, но се обидуваме да ги сведеме на минимум и час поскоро да се почне со работа, посочи Локвенец.

Рокот на реализација на првата фаза од пругата Куманово-Бељаковце е 24 месеци, а има работа долж целата траса од 31 километар. Според проценките на претходниот надзорен инженер, таму се завршени 54% од работите, а инвестицијата изнесува 40,5 милиони евра. За втората делница, Бељаковце-Крива Паланка, во должина од 34 километри и вредност од 155 милиони евра, рокот на градба е 36 месеци.

– Ветувањата се дека ќе го скратат рокот на изведба за 6 месеци, но би биле задоволни и за завршување на работата во рокот. Тие ќе ја имаат целосната логистичка поддршка од наша страна како инвеститор за непречено одвивање на работите, рече Локвенец.

Тој е сигурен дека работите ќе бидат завршени во роковите, а тоа го аргументира со обезбедените средства и, како што тврди, фактите дека на трасата нема големи археолошки наоди што би го забавиле проектот, 100% решената експропријација, како и квалитетот на избраните изведувачи.

Според Локвенец, изведувачите ќе донесат свој раководен и инженерски кадар, за оперативниот дел ќе биде ангажиран домашен кадар, а исто така и домашна градежна механзиација. Моите очекувања, вели тој, се дека се што постои од механзиација ќе биде вклучено во овие проекти со оглед на нивната големина и потребата да се завршат работите навреме.

За третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија, до крајот на годинава треба да биде објавен тендер за избор на изведувач. Во тек е проценка на проектната документација од страна на консултант на Европската Унија, врз база на која ќе се постават условите на тендерот за максимална ефективна реализација. Веќе се обезбедени 216 милиони евра од потребните 405 милиони евра, според проектната вредност проценета пред пет години. Досегашната финансисиска конструкција ја сочинуваат инвестициските грантови од Инвестицискиот фонд за Западен балкан (WBIF) од 155 милиони евра, како и 61 милион евра од ИПА 2 програмата. Се очекува работите да стартуваат следната година, а да бидат завршени во 2027 година, што е ветен рок за заокружување на активностите од бугарска страна.

На првата делница треба да бидат изградени железнички станици во Ново Куманово, Шупљи Камен и Бељаковце, како и 6 стојалишта, на втората ќе има станици во Крива Паланка и Гиновце и 3 стојалишта, додека на третата, долж 24 километри се проектирани 25 тунели и 51 мост.

Проектот за пругата кон Бугарија е почнат во 1994 година, а работите првпат беа стопирани во 2004. Продолжија една деценија подоцна, во март 2014 година, но не беше испочитуван поставениот рок за завршување на работите во 2016 година, поради, според официјалните образложенија, проблемите од имотно-правен карактер. Активности на терен нема од јуни 2020 година, кога тогашниот изведувач германски Wibe еднострано го раскина Договорот.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)  во јануари лани објави тендер за избор на изведувачи на пругата, а постапката беше заокружена минатиот месец кога беа потпишани договори со Strabag и Gülermak. Дел од тендерот е и договорот за реконструкција на пругата од Ногаевци до Неготино на Коридорот 10, во должина од 31 километар, а изведбата на инвестицијата од 4,8 милиони евра ја доби Strabag. Вкупната финансиска конструкција за трите договори изнесува над 200 милиони евра.

Тагови
реклама

Дали сте знаеле: Македонец го дизајнирал славниот југословенски киоск

Read more

Почнува период што се случува еднаш на 12 години: Што ќе му донесе на секој хороскопски знак?

Read more

Зошто Кинезите престанаа да ги исплаќаат кредитите за стан?

Read more

Експертите многу јасно објаснија дали треба да се тушираме наутро или навечер

Read more

Македонија

Во ИЈЗ се проверува дали пациент од Кичево има мајмунски сипаници

Read more

На Табановце за излез се чека 90 минути, на Пелинце еден час

Read more

Дневен ковид-биланс: 693 новозаразени, 826 оздравен и 2 починати

Read more

Викендов ново прскање против комарци во Скопје

Read more
 

Вести

Во ИЈЗ се проверува дали пациент од Кичево има мајмунски сипаници

Читај повеќе

На Табановце за излез се чека 90 минути, на Пелинце еден час

Читај повеќе

Пронајден човечки труп кај железничката станица во Зелениково

Читај повеќе

Дневен ковид-биланс: 693 новозаразени, 826 оздравен и 2 починати

Читај повеќе

Викендов ново прскање против комарци во Скопје

Читај повеќе

Бугарија објави тендер за дел од автопатот кон границата со Северна Македонија

Читај повеќе
  • filter

Фестивалот МакеДокс од 18 до 25 август во Скопје

Читај повеќе

Илон Маск продава акции од Tesla од страв да не мора да го купи Twitter

Читај повеќе

Основната каматна стапка останува на ниво од 2,5%

Читај повеќе