По изборната победа на Трамп, луѓето го нападнаа Џорџ Клуни кој јавно се залагаше Џо Бајден да се откаже од претседателската трка. Во јули годинава Клуни објави коментар во Њујорк Тајмс во кој се нафрли на Бајден и рече дека ќе мора да се откаже од трката за нов мандат бидејќи „тој повеќе не е истата личност“.
Корисниците на социјалните мрежи сега го прозиваат и тврдат дека „Трамп треба да му се заблагодари нему и на луѓето како него“.
Клуни беше домаќин на собирање средства во Лос Анџелес во јуни, две недели пред лошиот настап на 81-годишниот Бајден во дебатата со Доналд Трамп. „Страшно е да се каже, но Џо Бајден со кој бев пред три недели на собирање средства не е истиот Џо Бајден од 2010 година. Тој не беше ни Џо Бајден од 2020 година. Тој беше истиот човек што го видовме на дебатата“, напиша Клуни во Њујорк Тајмс.
Trump should not forget to thank the Hollywood celebrities. Especially George Clooney. pic.twitter.com/ZVxDB2yxB4
— Fritz Deelman (@DeelmanFritz) November 6, 2024
Актерот, кој се опиша себеси како упорен демократ, напиша: „Нема да победиме во ноември со овој претседател. Освен тоа, нема да го освоиме Домот и ќе го изгубиме Сенатот. Ова е не само мое мислење, ова е мислењето на секој сенатор и претставник во Конгресот и гувернерот со кој разговарав приватно, без разлика што тој или таа јавно тврди“.
I would like to take a moment to thank George Clooney for shoving the most incompetent candidate down America’s throat to ensure a Trump victory. #MAGA pic.twitter.com/EF1rB3v4i2
— Completely Fed Up (@CompletelyUp) November 6, 2024
Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД.