По повеќе од 40 години, белите носорози се вратија во Мозамбик

Кајгана / МИА
/ 04.07.2022 / 13:41

Повеќе од 40 години откако изумреа во тоа подрачје, белите носорози повторно се движат низ дивината на Мозамбик, каде што се носат единки од овој загрозен вид од Јужна Африка, но и други животни, во обид да се обнови фауната во тамошните паркови и да се поттикне туризмот.

Министерката за животна средина на Мозамбик, Ивет Маибазе верува дека ова „историско преселување ќе биде корисно за екотуризмот“ на земјата. Така, во Националниот парк Зинаве што зафаќа повеќе од 400.000 хектари, веќе има вкупно над 2.300 увезени животни.

– Носорозите се важни за екосистемот, што е една од причините зошто ги преместуваме и ги правиме сите овие напори за да ги донесеме тука, рече Кестер Викери, конзерватор кој го надгледува населувањето на носорозите.

Фондацијата „Паркови на мирот“, што ја води операцијата, има за цел префрлање на повеќе од 40 носорози следните две години во оваа држава на југот од Африка.

Популацијата на дивиот свет во Мозамбик беше сериозно погодена во 15-годишната граѓанска војна која заврши 1992 година, како и од ловокрадството. 

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Живот

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more
 

Магазин

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе