По скандалот со вицепремиерот: Можни предвремени избори во Австрија во септември

Виена, 19 мај 2019 (МИА) – Претседателот на Австрија Александер ван дер Белен по денешната средба со канцеларот Себастијан Курц, се заложи за одржување предвремени избори на почетокот од септември.

Курц вчера на претседателот на Австрија му предложи да распише предвремени избори во најбрз рок. Причина за ваквата одлука е оставката на вицепремиерот Хајнц Кристијан Штрахе, лидерот на Слободарската партија (ФПО), која ја поднесе по објавувањето на видео снимка на која се гледа како на наводна внука на руски милијардер и ветува државни зделки за финансиска поддршка на неговата партија.

Курц и Ван дер Белен денеска околу еден час разговараа за актуелната ситуација која настана по оставката на челниците на ФПО и одлуката на шефот на Владата да ја прекине коалицијата со таа партија.

Во изјавата после состанокот Ван дер Белен се изјасни за одржување предвремени избори на почетокот од септември.

Тој истакна дека мора да се направи сè за да се врати довербата на граѓаните.

Курц подвлече дека планира „во мир“ да продолжи да работи до изборите, а сè уште не се знае дали министрите на ФПА до тогаш ќе останат во Владата, затоа што ниту тој, ниту претседателот не одговараа на тие прашања.

Канцеларот најави дека наредните денови ќе разговара со новиот шеф на ФПО Норберт Хофер, како и со лидерите на другите парламентарни партии за работата на Владата до изборите. 

реклама

Свет

Гори зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Read more

Во Северна Кореја поради страв од коронавирусот во карантин скоро 4.000 луѓе

Read more

Експлозијата во Бејрут не е либанска Хирошима, туку Чернобил

Read more

Бејрут и цел Либан со децении влегуваат од една криза во друга

Read more

Вести

Протест во Тетово поради поскапување на електричната енергија

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: МВР во изминатиот период можеше да биде поинтензивно на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Гори зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Читај повеќе

Расте бројот на новозаразени во Грција и Албанија

Читај повеќе

Унца злато достигна цена од 2.069 долари

Читај повеќе

Се отвора Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации

Читај повеќе

Малолетничка уценувана и во повеќе наврати силувана од 24-годишен маж

Читај повеќе

Штипските родители ослободени од сметките за градинка за изминатите пет месеци

Читај повеќе

Србин нелегално влегол и престојувал во земјава без негативен ПЦР тест

Читај повеќе