По тешка борба, Долф Лундгрен сподели радосна вест: Конечно без рак

Шведскиот актер Долф Лундгрен, познат по улогите во акционите филмови, им се обрати на своите обожаватели преку Instagram, откривајќи дека неговата долга битка со ракот конечно е завршена.

Во емотивна објава, Лундгрен ја сподели веста дека неговата битка со болеста е при крај и дека се подготвува за последниот чекор од неговото лекување, кое вклучува аблација на белите дробови.

„Конечно без рак со благодарност и возбуда за светла иднина. Ви благодарам за сета ваша поддршка секогаш“, напиша актерот.

Лундгрен ја откри својата дијагноза за рак во мај годинава. Првиот тумор бил пронајден пред 8 години во неговиот бубрег и успешно бил отстранет. Сепак, во 2020 година, ракот се прошири на неговите бели дробови, 'рбетот, црниот дроб и желудникот, а лекарите му дадоа многу лоша прогноза, велејќи дека има само две до три години живот.

Сепак, и покрај ужасните прогнози, Лундгрен продолжи да се бори и сега со гордост објави дека е на крајот од својот здравствен предизвик.

Актерот, кој е роден во Стокхолм, моментално е во брак со 28-годишната Ема Крокдал. Познат е по улогите во култните акциони филмови, особено оние во серијалот „Rocky“, каде светската слава ја стекна во 1985 година со улогата на рускиот боксер Иван Драго. Потоа продолжи со испешните улоги. Следуваше играњето на суперхеројот Хи-мен во „Masters of the Universe“ (1987), а потоа се истакна како негативец во „Universal Soldier“ (1992) против Жан-Клод Ван Дам и во „Johnny Mnemonic“ (1995) против Киану Ривс.

Подоцна, постигна значителен успех во други акциони филмови, а на големото платно се врати во 2010 година, кога стана дел од актерската екипа на „The Expendables“, заедно со Силвестер Сталоне, Џејсон Статам, Мики Рурк и Џет Ли.

реклама

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Read more

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Read more

Објавени списоците: Дали добивте субвенции за струја?

Read more

Филм & ТВ

Netflix го купува HBO Max

Read more

Се омажи Ким Катрал, ѕвездата на Sex and the City

Read more

Netflix укинува уште една корисна функција, корисниците разочарани

Read more

Netflix го објави трејлерот за петтата сезона на Emily in Paris

Read more
 

Сцена

Netflix го купува HBO Max

Читај повеќе

Се омажи Ким Катрал, ѕвездата на Sex and the City

Читај повеќе

Израел сепак ќе учествува на Евровизија 2026 - Словенија, Ирска, Шпанија и Холандија ќе бојкотираат

Читај повеќе

Netflix укинува уште една корисна функција, корисниците разочарани

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix го објави трејлерот за петтата сезона на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Сидни Свини блесна во облека што зрачи со винтиџ холивудски гламур

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Филмот „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски од декември во Кинотека

Читај повеќе
26 ноември 1942, премиерата на филмскиот класик „Casablanca“

26 ноември 1942, премиерата на филмскиот класик „Casablanca“

Читај повеќе