АТП ЈУНИОРСКИ ВИМБЛДОН 2022

По тешка борба, Калин не успеа да дојде до полуфинале на Вимблдон

Македонската тениска надеж Калин Ивановски не успеа да се пласира во полуфиналето на јуниорскиот Вимблдон откако попладнево по голема борба загуби од шпанскиот тенисер Педро Роденас со 2:1.

Првиот сет му припадна на младиот македонски тенисер со 6:3 за 25 минути игра, но вториот беше вистинска драма. Шпанецот силно нападна и цело време водеше, едно време дојде и до високи 1:5. Потоа Калин успеа да се врати во игра и да израмни на 5:5 за да се замине на тајбрејк. По речиси едночассовна битка (57 минути) Роденас успеа да победи и за израмни на 1:1 во сетови. Се чини токму овој загубен сет беше клучен за она што се случи потоа.

Неизвесно беше и во третиот, решавачки сет. Калин поведе со 1:0, а потоа Роденас направи пресврт и водеше со 1:3. Младиот Македонец израмни на 3:3 за потоа Шпанецот да поведе со 3:5. Калин го доби наредниот сет, но потоа не успеа да израмни и да се избори за тајбрејк бидејќи Шпанецот победи со 6:4.

Роденас во полуфиналето ќе игра против 17-годишниот Хрват Мили Пољичак кој е рангиран на 553. место. 

Иако беше запрен во четвртфиналето, Ивановски покажа одлични игри на овогодинешниот Вимблдон за јуниори остварувајќи три победи пред да го претрпи единствениот пораз. Овој пат стигна еден чекор понатаму бидејќи лани беше елиминиран во осминафиналето.

На патот до четвртфиналето ги елиминираше Лука Поу (Обединето Кралство), Родриго Пачеко Мендес (Мексико) и Едас Бутвилас (Литванија).

Remote video URL
реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе